• вторник, 14 мај 2024

Милан најде замена за Златан Ибрахимовиќ

Милан најде замена за Златан Ибрахимовиќ

Милано, 27 април 2023 (МИА) - Напаѓачот на Вест Хем, Џанлука Скамака би можел да се врати во Серија А.

 

Како што тврди „Todofichajes“, Милан е заинтересиран за трансфер на 24-годишниот фудбалер. Раководството на „миланезите“ е во потрага по замена за 41-годишниот Златан Ибрахимовиќ.

 

Фудбалерот игра за Вест Хем од летото 2022 година. Неговиот трансфер се проценува на 27 милиони евра.

 

Во тековната сезона Џанлука оваа сезона одигра 16 натпревари во Премиер лигата и постигна три гола. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан