• понеделник, 23 декември 2024

Миколаев во текот на ноќта под силно руско бомбардирање

Миколаев во текот на ноќта под силно руско бомбардирање
Киев, 31 јули 2022 (МИА) - Украинските власти денеска соопштија дека руската армија „масовно“ го бомбардирала јужниот град Миколаев во текот на ноќта, јави Би-Би-Си. Властите соопштија дека едно лице загинало, додека градоначалникот рече дека гранатирањето било „веројатно најтешко досега“. Оштетени се хотел, спортски комплекс, две училишта и бензински пумпи, како и куќи. Миколаев се наоѓа на главната рута до Одеса, најголемото пристаниште во Украина. Руските сили постојано го гранатираа Миколаев. Во меѓувреме, Русија ги откажа прославите на Денот на морнарицата во окупираниот Крим. Гувернерот на анектираниот полуостров Крим, Михаил Развожаев изјави дека прославата е откажана поради напад со украинско беспилотно летало врз седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол.
„Напад со беспилотно летало денеска е извршен врз Генералштабот на руската флота во Црното Море во Севастопол, при што пет лица се ранети, изјави Развожаев.
„Утринава украинските националисти решија да го уништат Денот на руската морнарица“, кој денеска се слави во Русија, напиша Развожаев на Телеграм.
Тој рече дека дронот стигнал до дворот на Генералштабот на флотата и дека меѓу вработените во Генералштабот има петмина ранети. Според него, нема загинати.
„Сите прослави поврзани со Денот на руската морнарица се откажани од безбедносни причини“, додаде Развожаев и побара од жителите на Севастопол да не ги напуштаат своите домови „ако е можно“. паг/
 
   

Остани поврзан