
13 јуни 2025
Скопје - Договор за стратешка соработка меѓу двете влади и Меморандум за разбирање и имлементација на програмата „Стипендиум хунгарикум“ за периодот 2026 - 2028 година потпишале денеска македонскиот министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и неговиот унгарски колега Петер Сијарто, кој престојува во посета на земјава.
Како што истакна Муцунски на денешната заедничка прес-конференција со Сијарто, потпишувањето на овие документи претставува силен доказ за цврстото сојузништво меѓу двете држави.
Скопје – Вицепремиерот Изет Меџити и еден од политичките лидери на коалицијата „Вреди“ на денешната прес-конференција информираше дека како Влада имаат конкретен резултат во борба против криминалната индустрија на коцкањето и игрите на среќа. Со владината одлука за блокирање на 173 интернет страници за онлајн коцкање, како што нагласи тој, се исполнува едно од најјасните ветувања што ги дале пред граѓаните.
Скопје - За пет од осум закони од првиот пакет закони од Реформската агенда со рок до јуни, 2025 година Министерството за правда прави напори најдоцна до 23. месецов да влезат во собраниска процедура.
Министерот за правда Игор Филков, на почетокот на денешниот брифинг со медиуми за Реформската агенда, рече дека, иако, од стапувањето на функцијата немале простор за прилагодување и соочување со низа проблеми, работеле и работат со максимални напори и дека најголемиот дел од законите се доставени и се во владина постапка.
Охрид - Војната меѓу Израел и Иран ќе има влијанија врз цената на нафтата и во Македонија, смета претседателот на Регулаторната комисија за енергетика водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимовски, но не очекува влијание на цените на останатите продукти.
По ноќешните напади на Израел врз Иран, тој посочи дека утрово цената на светските берзи на бренд нафтата била зголемена за десеттина долари. Зголемувањето, според Бислимовски, е шест-седум долари.
Скопје - Минатата година деловните субјекти извршиле градежни работи во вредност од 39 827 830 илјади денари. Градени се вкупно 2 641 објект и завршени се вкупно 5 405 станови со вкупна површина од 348 720 метри квадратни, од кои 5 255 се во индивидуална сопственост, објави денеска Државниот завод за статистика.
Просечната корисна површина на завршените 5 405 станови е 64.5 метри квадратни.
Лани најмногу се градело во Скопскиот Регион, на 807 градежни објекти, а завршени се 3566 станови.
Скопје - На седница на собраниската Комисија за транспорт и дигитална трансформација ќе се договори јавна расправа за Предлог законот за електронски комуникации, Предлог законот за безбедност на мрежи и информациски системи, Предлог законот за архивски материјал, како и Предлог законот за електронски документи и електронска идентификација, откако вчера го поминаа првиот собраниски филтер во матичната комисија, најави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.
Според Јаревски, четирите закони се однесуваат на дигитализација на државните служби и услугите кон граѓаните, а со нивното усвојување Собранието дало зелено светло Владата да ја направи најтемелната трансформација на начинот на кој комуницираат граѓаните и државните органи.
Скопје - Управата за јавни приходи упати потсетување до сите угостители, трговци и вршители на дејност на законската обврска да го регистрираат готовинскиот промет преку одобрен фискален систем и да издаваат фискални сметки за секоја наплатена стока или услуга.
Скопје – Во тек е известувањето до Јавното обвинителство и Управата за финансиска полиција откако Вишиот управен суд ја потврди одлуката дека АД Д-р Пановски и Фарма Трејд склучиле забранет картел при јавна набавка на инсулин во 2016 година, изјави за МИА претседателката на Комисијата за заштита на конкуренција, Малинка Силјановска Николиќ. По ова, како што дополни, следува институционална координација за понатамошната постапка.
Скопје - Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски зони (ТИРЗ) Гоце Димовски оствари средба со Рјоџи Кога, генерален менаџер на канцеларијата на јапонската корпорација Марубени во Будимпешта и во Прага.
Со цел продлабочување на соработката со корпорацијата, како што информира ТИРЗ, на средбата се разговараше за потенцијалите кои ги нуди Македонија и ТИРЗ за странските инвеститори, како и можностите за натамошни проекти.
Крива Паланка - Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски денеска доби благодарница за континуираната поддршка и грижа за секој вработен во локалната самоуправа што ја пружа преку поддршката на синдикалната организација на управни органи на Општина Крива Паланка.
Признанието денеска му беше врачено од страна на претседателот на УПОЗ на Општина Крива Паланка Зоран Павловски, со што и официјално беше промовирана и афирмирана особената финансиска поддршка од страна на градоначалникот Митовски на синдикалната организација.
Белград - Освојувачот на 24 Гренд слем титули, Новак Ѓоковиќ, не крие дека е при крајот на кариерата, а по поразот од Јаник Синер во полуфиналето на Ролан Гарос, рече дека ова веројатно бил неговиот последен натпревар на Отвореното првенство на Франција. Србинот во моментов е без тренер, но се подготвува за Вимблдон, верувајќи дека таму има најголеми шанси да освои уште една голема титула.
Ѓоковиќ даде интервју за германското издание „20 минутен“ и во него откри интересни работи.
-Никогаш не сум бил сакан како Надал и Федерер затоа што можеби не требало да бидам на тоа место. Бев најмладиот, третиот што пристигна, велејќи дека сакам да бидам број 1. На многу луѓе тоа не им се допадна, рече Ѓоковиќ.
Бејрут - Официјален претставник на Хезболах денеска изјави дека групата со седиште во Либан нема да започне едностран напад врз Израел во поддршка на Техеран.
-Хезболах нема да започне свој напад врз Израел како одмазда за израелските напади, рече функционерот.
Стокхолм - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека е „клучно да се работи на деескалација“ по израелските напади утрово врз воени и нуклеарни цели во Иран.
-Ова е очигледно брзо развивачка ситуација и ова е еднострана акција од страна на Израел, рече Руте за време на состанокот со шведскиот премиер Улф Кристерсон.
„Сега е клучно за голем број сојузници, вклучувајќи ги и САД, да работат на деескалација“, додаде тој.
Бангкок - Авион на компанијата „Ер Индија“ безбедно принудно слета денеска на аеродромот на островот Пукет во Тајланд по закана за поставена бомба, соопшти аеродромот.
Во соопштението се наведува дека авионот со 156 патници полетал од островот Пукет кон Њу Делхи и побарал итно слетување поради закана за поставена бомба, по што аеродромот Пукет го активирал својот план за вонредни состојби, пренесе кинеска новинска агенција.
Хонолулу - Вулканот Килауеа на Хаваите еруптираше по 25-ти пат од декември минатата година, исфрлајќи високи столбови од жешка лава, пепел и чад.
Килауеа е еден од најактивните вулкани во светот. Вулканот еруптираше по 25-ти пат од 23 декември 2024 година.
Висината на исфрлената лава достигна 305 метри, а ерупцијата траеше осум часа.