23 мај 2025
Скопје - Јазикот и идентитетот на Македонците не му нанесуваат штета на никого — напротив, тие се дел од светското културно наследство и заслужуваат почит и грижа. Љубовта кон македонскиот јазик се роди од потребата да се поврзам суштински со луѓе кои беа потиснувани само затоа што го зборуваа својот јазик. Мојата ангажираност со македонскиот јазик и литература, сега е дел од мојот идентитет. Тоа е чин на солидарност и отпор кон заборавот, неправдата и потиснувањето, порача најновиот афирматор на македонскиот јазик и книжевност во Грција, Сотирис Минас.
Минас во средата присуствуваше на манифестацијата „Денови на поезијата“ во Скопје, каде во разговорот со авторот Иван Антоновски, напомена дека културната разновидност не претставува закана, туку збогатување.
Скопје - Заменик-претседателот и министер Иван Стоилковиќ во име на Министерството за односи меѓу заедниците и лично, упати честитки по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, ден кога ја оддаваме заслужената почит кон вашата богата култура, традиција и историски придонес.
- Овој значаен датум претставува симбол на почитување на јазичната и културната разновидност, потсетник за важноста на зачувувањето на културното наследство, како и афирмација на вредностите на меѓусебна почит, разбирање и соживот. Истовремено, тоа е признание за сето она што влашката заедница го вложува во развојот на нашето повеќекултурно и демократско општество, се вели во честитката од вицепремиерот Стоилковиќ.
Скопје - Во земјава вчера првпат лабораториски се потврдени два случаи на Monkeypox - Мајмунски сипаници. По потврдувањето на случаите, епидемиологот Драган Даниловски појаснува за какво заболување станува збор, нагласувајќи дека тоа не се пренесува лесно и оти е многу мал ризикот за епидемија.
-Мајмунските сипаници се вирусна болест предизвикана од monkeypox вирусот, кој припаѓа на истото семејство како и вирусот на големите сипаници (variola vera). Симптомите обично вклучуваат треска, главоболка, болки во мускулите и грбот, зголемени лимфни жлезди, исцрпеност, кожен осип кој може да се појави на лицето, рацете, стапалата, гениталната област или други делови од телото, инкубациски период од 6 до 13 дена, но може да варира од 5 до 21 ден. Болеста трае од 2 до 4 недели и во повеќето случаи се повлекува без потреба од специфичен третман. Сепак, кај лица со ослабен имунитет, деца и бремени жени, може да се развијат посериозни компликации, пишува Даниловски на својот Фејсбук профил.
Скопје - Полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај при СВР Штип утрово во 02.40 часот, го лишиле од слобода Х.П.(71), информираа денеска од МВР.
- При сообраќајна контрола на ул.„Борис Кидрич“ во Штип е сопрено патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.
Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Скопје - Во Кавадарци утрово во 04.00 часот на улица „Дисанска“ полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.М.(35) од село Глишиќ, кавадаречко.
При сообраќајна контрола, соопшти денеска МВР, сопрено е патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,05 промили алкохол во крвта.
Скопје - По повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј - 24 Мај, во Македонскиот културно-информативен центар во Софија утре вечер ќе биде претставен рециталот „Светопис за сесловените“ од проф. д-р Зоран Пејковски, посветен токму на светите браќа Кирил и Методиј.
Како што најавија од Македонски културно-информативен центар во Софија, поетскиот чин претставува длабок духовен и културен омаж на делото на првоучителите и писмотворци, кои со својата мисија го преобразија духовниот пејзаж на целиот словенски свет. Рециталот ја афирмира нивната жртва, визија и писменост, која не само што ја оформуваше азбуката, туку и го обликуваше идентитетот на генерации народи и култури, така што преку длабоко симболичен поетски јазик, се воздигнува нивната мисија.
Тирана – Претседателот на албанската Централна изборна комисија (ЦИК), Илирјан Целибаши, за првпат изјави дека во текот на изборните денови и по нив, веб-страницата на ЦИК повеќе пати била цел на кибер напади, кои според него биле сите однадвор и не биле случајни, туку организирани.
- Платформите на ЦИК, вклучително и платформата за регистрација, беа цел на кибер напади. Комунициравме со надлежните институции, одговорни за кибер безбедноста и оние поврзани со законско гонење, секогаш кога беа идентификувани. Не беа аматерски напади, туку организирани и софистицирани, неслучајни, сите од странство, рече тој.
Нингбо - Голем е интересот на земјите и компаниите од Централна и Источна Европа за презентација и продажба на свои производи и за соработка со Кина на 4. Саем на Кина со земјите од ЦИЕ.
На продажба на свои производи и можна соработка се надеваат и претставниците на четиринаесет наши компании, кои се веќе познати по своите квалитетни кондиторски производи, сокови, но и вина кои, како што е познато, можат да се купат на кинескиот пазар. Меѓу нив има и една ИТ компанија.
Во Нингбо со свои производи се претставуваат компаниите Алтера Фуд, Витаминка, Винчини, Бест Фуд, Виталија, Евал, М3ДС Академи, Соко Горица, Техногума, како и вината на Тиквеш, Стоби, Имако, Крњево и Лепово.
Подгорица – Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, соопшти дека по обемни анализи за тоа како да се најде модел што ќе ги задоволи и синдикатите и работодавачите, решението во врска со воведувањето на седумчасовно работно време е блиску, објави денеска „Вијести“.
Спајиќ најави дека на почетокот на следната недела, министерката за труд и социјална политика, Наида Нишиќ, ќе води разговори во рамките на социјалниот дијалог со претставници на синдикатите и работодавачите, во кои, како што рече, ќе се дефинира конечната верзија на реформата.
Брисел - Белгиското Федерално јавно обвинителство го повлекла барањето до Европскиот парламент за одземање на пратеничкиот имунитет на италијанската европратеничка Џузепина „Џузи“ Принчи од десноцентристичката партија Форца Италија (ФИ), во рамки на истрагата за сомнежите за корупција и примање поткуп од кинеската компанија „Хуавеј“.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, за повлекувањето на барањето информира самата Принчи преку соопштение за јавноста.
Брисел - Белгиското Федерално јавно обвинителство го повлекла барањето до Европскиот парламент за одземање на пратеничкиот имунитет на италијанската европратеничка Џузепина „Џузи“ Принчи од десноцентристичката партија Форца Италија (ФИ), во рамки на истрагата за сомнежите за корупција и примање поткуп од кинеската компанија „Хуавеј“.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, за повлекувањето на барањето информира самата Принчи преку соопштение за јавноста.
- Ми олесна поради итното барање за повлекување, со што целосна се потврдува дека не сум вмешана во т.н. „Хуавеј афера“, наведе Принчи во соопштението.
Тел Авив, 23 мај 2025 (МИА) – Најмалку 28 лица загинаа, а десетици се повредени во најновите израелски напади во Газа изминатата ноќ, јави палестинската новинска агенција Вафа повикувајќи се на медицински извори.
Израелските војници продолжуваат со операциите против „терористичките организации низ Појасот Газа“, напиша израелската војска на својот канал на Телеграм, пренесе ДПА.
Војниците вчера „елиминираа неколку терористи низ Појасот Газа и нападнаа воени комплекси, оружје, складишта и снајперски позиции“, се вели во соопштението.
Бангкок – Тајланд регитрира над 50.000 нови случаи на Ковид19 за само една недела, при што здравствените власти предупредуваат дека порастот, поттикнат од видот Омикрон XEC, кој бргу се шири, сè уште не го достигнал својот врв.
Според Џурај Вонгсават, портпаролка на Одделот за контрола на болести, меѓу 11 и 17 мај биле забележани 49.065 случаи, а уште 12.524 нови случаи се пријавени од 18 мај, објави „The Nation“.
XEC, една од најновите подвидови на Омикрон, се верува дека е примарна причина за скокот, и се шири седум пати побрзо од сезонскиот грип, според Министерството за јавно здравје на Тајланд, објави „Bangkok Post“.