• сабота, 18 мај 2024
МИА Најави – МКД

МИА Најави – МКД 

7 јули 2023

Свети Николе – Премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката Зоран Ѓоргијев ќе се обратат на доделување на социјални станови на 27 семејства во Свети Николе. (ул. „Питу Гули“ бр. 158/ 12:00)

Виена – Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи ќе се обрати на првата Конференција за климатски промени во организација на ОБСЕ.

- Конференција за климатски промени. (10:00/https://osce.us6.list-manage.com/track/click?u=b11aceda364f8f9afa6cadbbb&id=56f56d5d66&e=b98382fc62  

- Настан по повод 30-годишнината од основањето на Високиот комесаријат за национални малцинства на ОБСЕ. (13:30/https://youtube.com/live/P4URr3LKLh8)

Скопје – Министерството за култура организира јавна расправа за Предлог-законот за култура. (Кинотека на Северна Македонија/10:00)

Скопје – Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспотовски ќе одржи брифинг со новинарите. (Дирекција за ТИРЗ/10:30, по брифингот предвидени се изјави за медиумите)

Струга - Директорот на Царинска управа Стефан Богоев ќе оствари средба со директорот на Царинската управа на Република Албанија, Генти Гажели. (На граничниот премин Ќафасан/12:00, по што ќе следат изјави за медиумите)

Скопје – Конференција „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство). (х. „Панорамика“/ 11:30, изјави за медиумите во 11:00)

Отешево – Работилница на тема: „Обука за геоморфологија на почви на територијата на биосферен резерват Охрид – Преспа“, за проектот Постигнување на неутралност на деградација на земјиштето и климатските влијанија на територијата на биосферен резерват Охрид – Преспа. (х. „Lakeview“/ 12:00)

Скопје - Иницијатива за европска перспектива, во рамки на проектот „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“, организира конференција. (х.„Панорамика“/11:30)

Кратово – Почнува Фестивалот „Златни денови Кратово 2023“. (20:00)

Скопје – Концерт на пијанистот Уве Матшке и виолинистката Данае Папаматеу – Матшке од Грција во рамки на Фестивалот „Скопско лето 2023“. (Фоаје на Национална опера и балет/ 20:30)

Скопје –  Во рамките на Денови на шведскиот филм ќе биде прикажан играниот филм „Хилма“. (Кинотека на Република Северна Македонија/ 20:00)

Прилеп – Отворање на изложбата „Метаморфози на просторноста“ од уметникот Јован Наумоски. (во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков/ 19:30)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан