• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

28 март 2024

Скопје - Претседателот на Собранието Јован Митрески ќе одржи неформална средба со новинарите. (Сала на Уставна комисија/10:30)

Скопје – Собранието ќе ја почне новата  149. седница и ќе одржи продолженија на 131-та, 135-та, 138-та, 145-та и 103-та седница. (Сала „Македонија“/ 11:00)

Скопје – Средба на членови на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Казахстан со советникот на Министерството за надворешни работи Каират Ахмедалин, задолжен околу процедурите за отворање резидентна амбасада на Казахстан во Скопје. (Уставна сала/ 10:00)

Скопје – Презентација на истражување „Комитет за односи меѓу заедниците: 20 години (не)искористени можности и предизвици“. (Сала „Борис Трајковски“, 11:00) 

Скопје – Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе го отвори Информативниот ден на НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“, на кој ќе учествуваат експерти од НАТО предводени од шефот на Одделот за управување и координација, Клаудио Палестини, претставници на академската заедница во Северна Македонија и невладиниот сектор. (Клуб на пратеници/ 11:00, медиумските екипи да пристигнат најдоцна до 10:40) 

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе учествува на четвртата работилница од „Програмата за управување со пожари на ниво на предел во Република Северна Македонија". (х.Александар Палас/10:00)

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе ги посети земјоделците од Општина Чешиново Облашево, при што ќе ја посети компанијата „Екстра фунги“, успешен ИПАРД корисник. (13:00, изјави за медиумите предвидени по посетата/ Локација Екстра Фунги: https://www.google.mk/maps/place/41%C2%B052'01.6%22N+22%C2%B018'00.0%22E/@41.8674326,22.298168,816m/data=!3m1!1e3!4m4!3m3!8m2!3d41.867123!4d22.3?hl=en&entry=ttu)

Скопје – Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) ќе ја одржи 13. сесија на работните групи за теми од преговарачките поглавја за Правосудство и темелни права (Поглавје 23) и Правда, слободи и безбедност (Поглавје 24). (х. „Александар Палас“/ 10:00)

Скопје – Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА во Република Северна Македонија организиран настан „Има помош за живот без насилство – достигнувања и следни чекори“. (х. „Лимак“/ 11:00, пред настанот изјави за медиумите ќе дадат Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство и Афродита Шаља, шефица на УНФПА)

Скопје – Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА и Здружението на новинари на Македонија организираат тркалезната маса насловена „Колку гледишта - толку верувања? : спротивставување на странска пропаганда и дезинформациите“. (Клуб на новинари/ 12:00)

Скопје – Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, во соработка со ПРАЈСВОТЕРХАУСКУПЕРС (PwC Северна Македонија) организираат презентација на тема: „Ефектите од глобалниот минимален данок врз добивките на компаниите во Северна Македонија“. (Стопанска комора на Северна Македонија, сала 4, кат 5/ 11:00 – 13:00, изјави за медиумите ќе дадат претседателот на Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо и Country Managing Partner на PwC С. Македонија, Мирослав Марчев/ 11:00)

Скопје – Во организација на ИСОС - Институтот за сметководители и овластени сметководители, ќе се одржи регионалната конференција: „Сметководството во регионот – трендови, предизвици, стандарди и перспективи“. (х. „Александар Палас“/ 9:45)

Скопје – 50. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка на која ќе биде презентиран трудот: „Испитување на динамичкиот пренесен ефект на светските цени врз македонските цени на храната“ од авторите Даница Уневска Андонова и Магдалена Петровска. (Народна банка/ 14:00)

Скопје – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе го одржи првиот јавен состанок за 2024 година. (во просториите на ААВМУ, конференциска сала, кат 2/ 14:30)

Тетово/Кичево – Канцеларијата на Народниот правобранител ќе го спроведе својот прв информативен караван на Агенцијата за пошти „АП поблиску до корисниците на поштенските услуги“. („Универзитет во Тетово“ – Економски факултет – Тетово/ 10:30 и на „Универзитетот Свети Климент Охридски“ – Битола, Правен факултет – Кичево/ 14:00)

Скопје - Прес-конференција на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод новото законско решение произлезено од поднесената Иницијатива за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти. (Во дворот пред Сала на совет, Барака 6 / 10:00)

Скопје – Прес-конференција на претседателот на Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов. (Работнички дом (ССМ), кат 10/ 12:30)

Скопје - Брифинг со новинари ќе одржат Богданка Кузеска и Наим Вренези, задолжени за комуникација со медиумите во изборниот штаб на Стево Пендаровски. (ресторан „Brick Eat", дел од хотел ,,Парк" / 11:00)

Скопје -  Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, ќе присуствува на панел дискусија на тема „Креираме развој преку поддршка на инвестиции“. (Јавна соба / 12:00;  По завршувањето на панелот  предвидени се изјави за медиумите / 13:00)

Скопје – Претседателот на Собранието на Алијансата за Албанците свикува седница на Собранието на Партијата. (р. „Буши“ – Скопје/ 15:00, по седницата ќе има изјави за медиумите)

Скопје - Претставници на Демократската унија за интеграција ќе одржат средба со претставници на студентски форуми и образовни работници. (Институт за културно и духовно наследство на Албанците / 11:30; Изјава за медиумите по средбата)

Скопје - Стопанската комора на Северна Македонија ќе одржи работен состанок со претставници на политичката партија ДУИ. (Стопанска комора  5-ти кат/изјави за медиуми/13:00)

Скопје - Форум „Интимното здравје не мора да биде табу тема“. (х. „Мериот“ / 15:00)

Скопје – Концерт „Татковина“ под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски, на кој ќе настапи виолинистот Бојан Илкоски. (Филхармонија/ 20:00)

Куманово – Настан од јавен карактер Гласна култура. (Занаетчиски дом - Куманово/ 18:00)

Скопје – На изложба на Скопскиот моден викенд 2024, ДЛУМ ќе се претстави со изложба наречена ,,Лебдење"/"Floating" со автори кои работат на текстил во ликовен контекст. (Ист Гејт/ 18:00)

Скопје – Самостојна изложба на слики на уметникот Панде Петровски со наслов „Метаморфози“. (Галерија ОСТЕН/ 19:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан