• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

9 мај 2025 

Рим - Официјална посета на претседателот на Собранието, Африм Гаши, на Италијанската Република.

Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за локална самоуправа. (Сала 4/11:00)

Скопје - Седница на Законодавно правна комисија. (Сала 6/11:30)

Ресен - Парламентарен карван - манифестација под мотото „Собрание за граѓаните, отворено и одговорно“ во организација на Собранието на Република Северна Македонија во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП) за 2025 година. 

Скопје - Одбележување на 9-ти Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа (Партизански гробишта - Бутел/10:30/Пристигнување на медиумите најдоцна до 10:15)

- Положување венци со свежо цвеќе од владина делегација во состав Владо Мисајловски министер за одбрана,  Изет Меџити, министер за животна средина и просторно планирање и Игор Филков, министер за правда, како и делегации од Канцеларијата на Претседателот на Република Северна Македонија, од Собранието, Армијата, Сојузот на борците на Народно-ослободителната антифашистичка војна, дипломатскиот кор и други организации.

- Обраќања на заменик претседателот на Владата за политички систем Љупчо Димовски, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Скопје - Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, министерката за образование и наука Весна Јаневска, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, директорката на секторот за корпоративни политики и одржливост на Пивара Скопје, Снежана Савиќ Димовска, австрискиот амбасадор Мартин Памер, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, секретарот на Црвен Крст, Сузана Тунева Пауновска ќе присуствуваат на отворање на тридневна национална акција за чистење отпад - ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. (Скопски Аквадукт/9:00, прес-конференција/9:00-9:30, предвидени се изјави за медиумите)

Скопје - Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието со поддршка од УНИЦЕФ и Шведска ја организираат активноста Еко час во сите основни и средни училишта низ државата во рамки на кампањата „Генералка викенд“. (ОУ “Лазо Ангеловски“/10:30)

Тетово - Градоначалникот Биљал Касами ќе присуствува на јавната дебата за „Студијата за мобилност”. (Сала на Совет на Општина Тетово/14:00, предвидена е изјава за медиумите)

Скопје - Прв меѓународен конгрес на техничките факултети Science@FEIT при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. (х.„Хилтон“)

Скопје - Почнуваат 53. Мајски оперски вечери. (НОБ/20:00)

Скопје - Свечено доделување на наградите на МАИ за достигнувања во областа на издаваштвото во периодот меѓу два саема. (Промо центар на Саемот на книгата/12:00)

Македонски Брод - Филмски караван за менструална сиромаштија. (Младински центар/17:00)

Штип - Културна манифестација „Очи на Шопов“ 2025 - Штип, по повод одбележување на делото и зборот на Ацо Шопов. (Тренинг центар на УГД/12:00)

Скопје - Промоција на хумористичниот роман „Романот за Чарли Офтика - Туркачот“ на Трајче Кацаров. (Книжарница на „Матица македонска“/12:00)

Скопје - Групна изложба по повод Денот на Европа 9 мај „Нашата визија за Европа - Одржлив развој, интеграции и дезинтеграции“. (Галерија „КО-РА“ - голем салон/19:30)

Венеција - Свечено отворање на македонскиот павилјон „STRADA BRUTALISSIMA” на 19. Меѓународна изложба на архитектурата во Венеција. (Арсенале - Сале д’Арми)

Скопје - Отворање на изложбата „Црвен се барјак развева“ од авторот Кирил Пенушлиски. (Национална галерија, објект Чифте Амам/19:00)

 

_______________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***


 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан