• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД

7 јуни 2023

Скопје – Протоколарна средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери со новоизбраниот полски амбасадор, Кшиштоф Гжелчик. (Стар кабинет/ 10:00)

Скопје – Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово Африм Гаши, и членовите ќе се сретнат со Делегација на Групата за пријателство Косово – Северна Македонија на Собранието на Република Косово. (сала на Уставна комисија/ 10:00 – 10:45)

Скопје – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери ќе се сретне со Делегација на Групата за пријателство Косово – Северна Македонија на Собранието на Република Косово. (сала на Влада/ 10:50 – 11:20)

Скопје – Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски, и членовите ќе се сретнат со Делегација на Групата за пријателство Косово – Северна Македонија на Собранието на Република Косово. (сала на Уставна комисија/ 11:30 – 12:00)

Скопје – Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми, и членовите ќе се сретнат со Делегација на Групата за пријателство Косово – Северна Македонија на Собранието на Република Косово. (сала на Уставна комисија/ 12:05 – 12:35)

Скопје - Собранието ќе ја одржи 115. седница. (сала „Македонија“/12:00)

Скопје - Собранието ќе ја одржи 41. седница. (сала „Македонија“/12:10)

Скопје – Седници на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала 6/ 11:00 и 12:00)

Скопје – Свечена седница на Комитетот за односи меѓу заедниците. (сала „Борис Трајковски“/ 12:00)

Скопје – Премиерот Димитар Ковачевски ќе одржи средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. (Клуб на пратеници/ 11:00)

Скопје – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на АХВ, Николче Бабовски ќе се обратат на одбележувањето  на Светскиот ден на безбедна храна – 7 Јуни. (х. „Белви“/ 10:00)

Скопје - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, швајцарската амбасадорка Вероник Улман и извршниот директор на Стопанска комора Антони Пешев во посета на фабриката за мебел „Ацевски“ во која се реализира практична обука на ученици. (10 бр. 1А, с. Бардовци, https://www.google.com/maps?ll=42.024417,21.382917&z=17&t=m&hl=en&gl=MK&mapclient=embed/изјави за медиуми/10:00)

Сараево - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предводи делегација од Министерството за внатрешни работи во работна посета на Босна и Херцеговина, за учество на Сараевскиот миграциски дијалог 3.

Скопје - Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје организира дискусија на тема: „Мониторинг на владеењето на правото за земјите-членки на ЕУ и кандидатите: Премостување на јазот“. (х. „Панорамика Дизајн и Спа“/ 10:30, изјави за медиумите пред почетокот на настанот/ 10:15)

Скопје/Битола – Претставување на словенечките работодавачи во Скопје. (во Скопје во х. „Хилтон“/ 10:00 – 17:00, а во Битола во КИЦ – Офицерски дом/ 10:00 – 17:00)

Скопје – Прес-конференција на тема: „Презентација на резултатите на анкетата спроведена помеѓу компаниите членови на Македонско-Германското стопанско здружение и оценка на деловната клима во Северна Македонија за 2023“. (х. „Парк & Спа“, главен хол/ 10:00)

Битола - Развој на алтернативен туризам, тренинг работилница. (Ресторан „Корзо“/ 10:00)

Скопје – Бирото за регионален развој организира конференција „Go Green: Обезбедување дигитална еколошка одржливост“, која се организира во рамки на проектот „Компјутерската моќ станува зелена“, финансиран од ЕУ. (х. „Лимак“, изјави за медиумите / 11:30)

Скопје – Меѓународна научна конференција „Проект Скопје“ организирана по повод 60 години од катастрофалниот скопски земјотрес и 110 години од раѓањето на јапонскиот архитект Кензо Танге. (Архитектонски факултет/ 8:30)

Скопје –  Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи седница пред почетокот на лидерската средба. (9:00, изјава за медиуми пред седиштето на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ/10:30)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на Алијанса за Албанците придружен од владини претставници. (х. „Буши“/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). (Клуб на новинари/ 10:30)

Скопје – Саем за транспорт 2023. (комплекс „Борис Трајковски“ на отворено/ 10:00 – 18:00)

Скопје - Прес-конференција на КСОМ. (пред Геријатрија во Ѓорче Петров/11:00)

Скопје - Во Општина Чаир ќе биде промовиран паркот „Украина“. (во близина на зградата на Општина Чаир/10:20)

Скопје – Промоција на романот „Прости му на ѕверот“ од академик Божин Павловски. (во паркот на Матица Ексклузив/ 12:00)

Скопје – Промоција на романот „Полиглот“ на Игор Станојоски. (ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“/ 19:00)

Скопје – 22. Издание на ОФФ-ФЕСТ 2023. (Национална опера и балет и КИЦ)

Скопје – SKOPJE CALLING 2023. (Стадион на АРМ/ 20:00)

Скопје – Изложба на Бранимир Карановиќ, професор емиритус на Факултет за применети уметности од Белград (во галеријата Рудиќ/ 20:00)

Скопје – „Рециклирана топка“, партиципативен уметнички проект инициран од авторите Сесилија (Ци) Мартенс и Холгер Маик Мертин. (збирно место: ул. „Борка Талевски“ бр. 26 - во Старата железничка зграда - веднаш зад „The Dude Specialty Coffee café/ 17:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан