• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

8 јули 2025 

Скопје - Второ издание на годишниот настан на Комисијата за заштита од дискриминација „Разговори за еднаквост“, на тема „Право на домување на Ромите“, на која КСЗД најавува обраќања на претседателката Гордана Силјановска Давкова, амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, претседателот на КСЗД, Лимко Бејзароски, заменик министер за локална самоуправа, Ерџан Селими и Барбара Лигл, лидерка на компонентата 4 од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.(Клубот на пратеници/9:30, изјави за медиумите/9:10)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/11:30)

Гевгелија -  Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за локална самоуправа, Златко Перински и амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман ќе се обратат на меѓународната конференција за регионален развој на тема „Регионалниот развој во динамично променлив свет - Иднината започнува локално: Новата визија за одржлив и рамномерен развој“.  (х.„Рамада Плаза“/10:00, изјави за медиумите по обраќањата)

Гевгелија/Велес - Премиерот Христијан Мицкоски во посета на Гевгелија, каде ќе се обрати на Меѓународната конференција за регионален развој  (х. Рамада Плаза/10:00) и Велес, каде е предвидена изјава за медиуми на мостот на реката Вардар - Башино Село. (11:40) 

Охрид/Струга - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски ќе биде домаќин на Игли Хасани, министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија. (Вила „Охрид“)

Пристигнување и пречек  (7:30)

- Тет-а-тет средба меѓу министрите Муцунски и Хасани (7:35)

- Работен појадок помеѓу двете делегации (затворен за медиуми)  (8:00)

- Церемонија на свечено отворање на Генералниот конзулат. (Генерален конзулат - Струга/9:45)

- Изјава за медиумите (10:20)

Париз - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани во работна посета на Париз.

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорот на Германската развојна банка за Југоисточна Европа, Клаус Милер ќе потпишат договорот за неповратен грант од ЕУ во износ од 5,5 милиони евра за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови. (свечена сала на Влада/16:30

Тетово - Градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами ќе изврши увид во градежните активности во Основното училиште во село Селце. (11:00)

Скопје - „Форум Еуропеум 2025“ во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ). (х.„Холидеј ин“/10:00, не се предвидени изјави за медиумите) 

Скопје - Форумска дебата „Дуално образование – конекцијата помеѓу компаниите и студентите“. (Хајделберг Факултет/11:00)

Скопје - Потпишување договор за спонзорство меѓу Новоматик Македонија и ФК Вардар. (Новоматик Македонија,16-ta Makedonska Brigada 25/13:00)

Скопје - Танцова претстава „АЈДЕ!“ во рамки на 46. издание на фестивалот „Скопско лето“. (Театар Комедија/20:30)

Софија - Отворање на изложбата „Бисерите на Мал Битолски Монмартр 2О25“, составена од детско ликовно творештво, создавано во рамките на светската детска ликовна колонија Мал Битолски Монмартр. (Македонски културно-информативен центар/18:30)

Истанбул - Отворање на изложбата „Трага на нематеријалното“ на Софија Грабулоска. (Културно-информативен центар/19:00)

Скопје - Beauty spot III - Самостојна изложба на Иван Аџиевски. (Мобилна/Монтажна галерија, Парк на франкофонија/20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан