• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

7 септември 2023 

Скопје - Почнува чествувањето на 8 Септември со Свечена академија - „32 години независност“ на која ќе присуствува и ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски. (Филхармонија/18:30) 

Скопје - Прием на претседателот на Собранието Талат Џафери, по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија. (Кристална сала/13:00)

Скопје – Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се сретне со новоименуваниот амбасадор на Република Словенија, Н.Е: Грегор Прескер. (Стар кабинет/ 10:00)

Скопје - Националниот совет за евроинтеграции ќе оствари средба со Лилиана Танги и Пјер-Анри Димон, пратеници од Комисијата за европски прашања на француското Собрание. (Сала на Уставна комисија/ 12:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/ 10:30)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (Сала 6/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/ 12:00)

Битола - Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, ќе извршат увид во асфалтирање на регионалниот пат Битола – Меџитлија. (Регионалниот пат Битола – Меџитлија/ изјави 15:00 часот)

Неготино - Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе учествува на гроздоберот на лозовите насади на винаријата „Бовин“ (12:30), а потоа ќе оствари средба и со лозарите. (Изјава за медиумите по завршување на гроздоберот)

Делчево - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ќе го посети Делчево.

- 10:00 - Положување свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци по повод ослободување на Делчево. 

- 10:30 - Потпишување на договор за изградба на детска градинка во просториите на општината и изјави за медиуми  на министерката Тренчевска и Горан Трајковски, градоначалник на Општина Делчево.

Скопје – Работен појадок со директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи и Даниела Цветаноска и Лидија Анѓелоска од проектот „Go Green – компјутерската моќ станува зелена“. (Ресторан БИС/ 10:00)

Скопје - Објавување на пресудата за предметот со КОК бр. 46/22 од обвинителството означен како „Дизајн“. (Основен кривичен суд Скопје, судница 6 / 12:00) 

Кавадарци – Винската винарија „Тиквеш“ организира настан на кој официјално ќе бидат пуштени во употреба новата постројка и опрема за прием и примарна преработка на грозје. (11:00)

Небрегово – Културно-едукативен настан „Зборот на Конески“. (Спомен-дом „Блаже Конески“ во Небрегово/ 11:00-14:00)

Струмица – Get EXITed настан на кој ќе настапат поп/соул сензацијата John Newman, глобалниот хитмејкер Burak Yeter, регионалните икони Konstrakta и Van Gogh, како и Dzambo Agusevi Orchestra, Lanna и The Geors. (Градски парк/ 19:00)

Ниш - По повод 8 Септември, денот на Македонската заедница во Република Србија, ќе се отвори самостојна изложба на ликовниот уметник Владимир Лазоски. (Галерија на Нишкиот културен центар/ 18:00)

 

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан