• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД

18 мај 2023 

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја продолжи 115-тата седница. (Сала „Македонија“/12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала 4/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (Сала 6/11:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)

Будва - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери ќе учествува на Десеттата пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ во организација на црногорското претседавање со Процесот 2022-2023.

Скопје - Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир и амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Џеин ќе се обратат на панел дискусијата „Иднината на проширувањето на ЕУ - Кои се придобивките за Северна Македонија и Европската Унија?“ во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, Европското движење во Република Северна Македонија и Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел. (Ragusa Rooftop, Катна гаража “26 Јули”, Св. Кирил и Методиј бр.1/11:00)

Скопје - Министерката за одбрана Славјанка Петровска, заменикот на началникот на ГШ, генерал-мајор Азим Нуредин, заменик-амбасадорот на САД во Северна Македонија, Ерик Мејер и командантот на Командата за операции, бригадниот генерал Бесник Емини ќе одржат брифинг за медиумите по повод отпочнувањето на активностите на мултинационалната вежба „Брз одговор 23“. (Касарна „Илинден“/11:00, изјави за медиуми по брифингот, пристигнување на медиумите на влезот на касарната „Илинден“/10:40)

Скопје - Министерот за правда Кренар Лога ќе се обрати на дебатата за Предлогот на законот за помилување во организација на Министерството за правда. (Клуб на пратеници/9:00)

Скопје - Министерот за транспорт и врски  Благој Бочварски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и Роланд Тишнер менаџер за операции на Визер Унгарија ќе присуствуваат на настан по повод поставувањето шестти воздухоплов од авиокомпанијата Wizzair во базата во Скопје. (Меѓународен Аеродром Скопје, пристигнување на медиумите/10:00, изјави за медиумите во 11:00)

Скопје -  Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Анџела Агелер, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и претставници од партнер-општините ќе имаат излагања во рамки на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. (х.„Александар Палас“, Конгресна сала 1/11:00)

Скопје - Националната конференција за акредитација на меѓународни стандарди како алатка за спречување на корупција. (х.Хилтон/9:30)

Скопје - Презентации на наодите од студиите за влијанието на регионалниот заеднички пазар врз секторот земјоделство и туризам во Република Северна Македонија и на наодите од истражувањето “Перцепции на компаниите од дејноста земјоделство и туризам во Северна Македонија за иницијативата „Отворен Балкан“ во организација на Аналитика тинк- тенк. (х.„Мериот“/11:00, изјави за медиумите/10:20-10:40)

Софија - Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ќе учествува на 16. конференција на началниците на Генералштабови на Армиите на балканските земји во Софија.

Скопје - Институтот за медиуми и аналитика ИМА ќе одржи панел дискусија „Слободата на медиумите наспроти политичките притисоци и пропаганда, дезинформациите и говорот на омраза: Како понатаму?“. (х.„Сити парк“/12:00)

Скопје - Денови на занаетчиството организирани од Занаетчиска комора Скопје. (ОУ “Блаже Конески”, Општина Аеродром/10:00)

Скопје - Независниот академски синдикат ќе одржи трибина на која ќе бидат претставени кандидатите за ректор на УКИМ. (Факултет за драмски уметности (Академска сцена)/18:30)

Скопје - Промоција на книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост“ од Теодор Богоевски. (Музеј на современа уметност (Кале)/12:00)

Венеција - Официјално отворање на македонскиот павилјон  на Светскиот ден на музеите 18. Интернационална архитектонска изложба – La Biennale di Venezia. (Scuola dei Laneri, Salizada San Pantalon 131/A, Венеција/18:00)

Скопје - Отворање на изложбата „70 Години Историски музеј на Македонија“. (Музеј на Република Северна Македонија/13:30)

Кавадарци - Изложба на академскиот сликар Горан Боев. (Вински Музеј Кавадарци/13:00)

 Скопје - Отворање на изложбата на графики и цртежи „Димче Николов – 70 години од раѓање“. (Културно-информативен центар, Салон Империјал 1 и 2/20:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Во Цут“ на дизајнерот Горан Костовски. (Парк на Франкофонијата, Мобилна/Монтажна галерија на Центарот за современи уметности/18:30) 

Скопје - Со настап на Дамир Имери Трио започнува четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во организација на дискографската куќа „ПМГ Џез“. (Филхармонија, мала сцена/20:00)

Штип - Kонцерт на DUO SKUPI во Штип.  (на платото на Центарот за култура „Ацо Шопов“/19:00)

_________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан