• понеделник, 25 ноември 2024
МИА Најави МКД

12 септември 2023 

Скопје - Собранието ќе ја одржи 120-та седница. (Сала „Македонија“/12:00)

Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со пратеникот од германскиот Бундестаг и претседател на комисијата за надворешна политика при Бундестагот, Михаел Рот. (Собрание, Стар кабинет/14:45)

Скопје - Претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Институт за демократија Марко Трошановски и амбасадорката на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер ќе ја отворат конференцијата Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарна дипломатија. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/9:30, изјави за медиумите/9:50)

Скопје -  Првиот потпретседател на Владата Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми ќе присуствуваат на локацијата каде што ќе се изврши минирање со што ќе се означи почетокот на работата за изградба на Коридорот 8. (во близина на село Горна Бањица, Кичево/15:00)

Скопје - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска  и вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи ќе одржат прес-конференција. (Влада, медија центар/11:45, линк на македонски https://youtube.com/live/---_QQnd5KY, линк на албански https://youtube.com/live/4schPdLmzrI)

Скопје - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир ќе присуствуваат на „Третиот саем на социјални претпријатија“. (Пед Центарот на социјални претпријатија, позади Меморијалот на Мајка Тереза/16:00, официјални обраќања и отворање/18:00)

Скопје - Конференција „Фемицид во Северна Македонија и Западниот Балкан – меѓународни стандарди и пракса на судовите“, организирана од AIRE центарот и Академијата за судии и јавни обвинители на Северна Македонија, со поддршка од Владата на Обединетото Кралство. (х.„Мериот“/10:00, изјави за медиумите/9:30)  

Скопје - Регионален форум: Родова еднаквост во пристапните процеси во ЕУ во организација на Коалицијата за родова еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ (EQUAPRO). (х. „Александар Палас“/10:30, изјави за медиумите/12:15)

Скопје - Изјава на претставници на Независниот синдикат на судска администрација и Здружението на судска администрација. (Пред Министерство за финансии/ 10:30)

Скопје - Прес-конференција по повод ВИНОПЕДИА - вински настани со македонски вина и ракии. (Угостителски објект  Д ХАУС (THE HOUSE), ул.„Славко Јаневски“ 102Д/11:00) 

Скопје - Промоција на книгата „Книжевен бинокулар“ од проф. д-р Соња Стојменска Елзесер. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, спомен-собата „Т“га за југ“/12:00)

Скопје - Отворање на мултимедијалниот проект Chatautauqua - сплет од аналогна фотографија, видео движења, објeкти и музика. (Музеј на Град Скопје/19:30) 

Струмица - Македонски народен театар со претставата „ЛАГАТА“ ќе учествува на 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. (Театар „Антон Панов“/20:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

 

 

Остани поврзан