• сабота, 18 мај 2024
МИА Најави МКД

30 август 2023 

Скопје – Министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли ќе престојува во работна посета на земјава, при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

- Пристигнување на канадската министерка за надворешни работи Мелани Жоли во МНР (9:00)

- Тет-а-тет средба на Османи и Жоли (9:05 – 9:20)

- Билатерална средба помеѓу двете делегации (9:20 – 9:55)

-Прес-конференција на Османи и Жоли (10:00 – 10:25)

Скопје - Отворена трибина: „ЕУ за македонската економија"  со која официјално започнува кампањата „Ние сме Европа“, предводена од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ што ќе се спроведе во Скопје, Битола, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и Штип. (Плоштад „Јадран“ кај „Арапска куќа“/19:00)

Струга - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе одржи работен состанок со претставници од Асоцијацијата на хотелиери-ХОТАМ. (х. „Дрим“/12:00/изјави за медиумите се предвидени во 13:00)

Скопје – Аналитика тинк-тенк организира настан на кој ќе го презентира Прирачникот за разбирање и постапување со енергетска сиромаштија. (х. „Холидеј ин/ 10:00 – 12:30, изјави за медиумите/ 10:00 – 10:30)

Скопје – Работилница за фотографија за деца – уште еден предизвик на „Халки шарено лето“. (Музеј на град Скопје/ 18:00)

Скопје – Во рамките на третото издание на Фестивалот на нем и класичен филм ќе бидат прикажани филмовите „Степен на убиство“ и „Калабанка: Тајните на непознатата Европа“. (Кинотека/ 19:00 и 21:00)

Скопје – Источноевропска турнеја на Сара Харалсон и Барни Есвил, заедно со Ендрју Клугер со изведба на кантри музика од светски изведувачи. (Јавна соба/ 21:00)

Бриони – Драмски театар Скопје со претставата „Мојот маж“ учествува на фестивалот РУТА на Бриони во Хрватска. 

Битола – Музички концерт „Токио носталгија“. (Офицерски дом/ 20:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан