• понеделник, 14 јули 2025
МИА Најави - МКД

9 јуни 2025 

Скопје - Собранието ќе ја одржи 54. седница. (11:00)

Скопје - Францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер ќе се сретне со членовите на собраниската Комисија за европски прашања. (Собрание, Сала на Уставна комисија/11:00)

Астана - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски ќе престојува во работна посета на Астана, на покана на заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртлеу.

Валандово - Министерката за образование и наука Весна Јаневска, заменик-амбасадорката на САД во Македонија Никол Варнс и заменик шефот на Канцеларијата за одбранбена соработка при Амбасадата на САД во Македонија мајор Даниел Силвер ќе го посетат реконструираното Основно училиште „Гоце Делчев“ во село Пирава. (11:00)

Битола - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во работна посета на институциите од областа на културата во Битола. (Изјава за медиумите пред Јени џамија / 12:30)

Скопје - Со филмот „Партенопе“ (2024) на Паоло Сорентино почнува „Неделата на италијанскиот филм – ITALIAN SCREENS“. (Кинотека/20:00)

Скопје - Почнува 11. издание на „Виолин Фест“. (Камерна сала на Филхармонија/20:00)

Скопје - Јунската едиција на Перформанс Платформа Фестивалот (ППФ) 2025:

- (Не)конференција: „(Еко)Феминизам во пракса(и): Преосмислување на уметноста и кураторските иднини“. (МКЦ/11:00–17:30)

- Прво издание на Македонска кореографска платформа (МКП) и разговори со уметниците. (МКЦ/20:00)

Скопје - Годишна завршна изложба на Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ - Скопје. (Простории на училиштето/21:00)

Скопје - Изложба „photo graz selection VI“ и концерт на харфистката Моника Штадлер. (КИЦ-Скопје, Империјал 1/19:00 и Салон 19:19/20:00)

Скопје - Прес-конференција на Тениската федерација на Македонија. (Ресторан „Уранија“, први кат/12:00)

Скопје - Почнува светскиот пинг-понг „Контендер“. (Салата „Јане Сандански“/10:00-18:00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан