• понеделник, 04 март 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

13 февруари 2024

Скопје - Собранието ќе ја продолжи 140. седница.(11:00)

Скопје - Претседателот на Собранието Јован Митрески ќе одржи средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон. (Собрание, Стар кабинет/11:00)

Скопје - Седница на Комитет за односи меѓу заедниците. (Сала 5/12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (Сала 6/13:00)

Тетово - Техничкиот премиер Талат Џафери, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми ќе се обратат на поставувањето камен - темелник за изградба на обиколница на Тетово. (https://www.google.com/maps/place/42%C2%B001'22.3%22N+21%C2%B000'55.2%22E/@42.0228611,21.0153333,17z/data=!3m1!4b1!4m4!3m3!8m2!3d42.0228611!4d21.0153333?entry=ttu/10:00)

Куманово - Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ќе се сретне со претставниците на Здружението на пензионерите. (Здружение на пензионерите, ул.„Димитар Влахов“ бр.42, стара црква „Св. Никола“/11:30, изјави за медиумите по завршување на средбата)

Тетово - Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами заедно со основачот на компанијата „Saubermacher“ Ханс Рут ќе го презентираат новото претпријатие за управување со отпад во општина Тетово. (Плоштад „Илирија“/13:00)

Скопје - Конференција на тема: „Влијанието на корупцијата и непотизмот врз реформите, платите и капацитетите на јавниот сектор“ во организација на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС). (х. „Солун“/10:20, изјава за медиумите на претседателот на КСС Благоја Ралповски во 11:30)

Скопје - Прес-конференција на Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје. (Пред Министерство за одбрана/10:00)

Скопје - Промоција на дигиталната платформа Јасно.мк. (Младински културен центар, влез кај кино „Фросина“/11:00)

Скопје - Одбележување на 77-годишнината од постоењето на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) со поетско читање и настап на повеќе македонски поети. (Друштво на писателите на Македонија, свечена сала/11:00)

Скопје - Промоција на книгата „Колишевски и Македонија“ и одбележување на 110 годишнината од раѓањето на Лазар Колишевски во организација на Социјалистичката партија на Македонија. (СПМ, голема сала 2 кат/12:00)

Скопје - Промоција на романот „Бела сама“ од Виолета Танчева-Златева. (КИЦ, Салон „Империјал 2“/19:19)

Скопје - Промоција на збирката раскази „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор, во рамките на фестивалот „Денови на литературата“. (Книжарница „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“/19:00)

 

 

_________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

 

Остани поврзан