11 јули 2023
Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања и на Националниот совет за евроинтеграции. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)
Скопје - Седница на Комитетот за односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/13:00)
Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со државната министерка за надворешни работи и култура на Индија, Менакши Леки. (Сала на Влада/10:00)
Вилнус - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе учествува и ќе ја предводи делегацијата на Република Северна Македонија на Самитот на НАТО Алијансата, што се одржува во Вилнус, Литванија.
Скопје - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посети Центарот за обука Идризово во рамки на проектот „Отворен кабинет”. (9:30, изјави за медиуми/10:40)
Скопје - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, Александар Костиќ од МЗ Галичник и претставник од партнерот на манифестацијата „Пивара“ – Скопје ќе одржат прес-конференција на која ќе биде претставена програмата за годинашното издание на културната манифестација „Галичка свадба“. (Простории на „Пивара“/9:30)
Скопје - Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе ја одржи 22-та седница. (Простории на Агенцијата, конференциска сала, 2 кат/14:00, во живо на YouTube каналот на Агенцијата)
Скопје - Промовирање на улицата „Сул Хотлa“ во општина Чаир (во близина на хотел „Хамбург“/11:00) и во Академијата посветена на животот и делото на овој албански деец (Дом на занаетчии/12:00)
Скопје - Бошњачкиот национален сојуз (БНС) го организира традиционалниот комеморативен „Марш за Сребреница“ во знак на почит и сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница. (Веро Паркот во Чаир/18:30, преку булевар Џон Кенеди, Стара Чаршија, плоштад Филип Втори и ќе заврши на плоштад Македонија/19:30 часот, каде од 19:30 часот до 20:00 часот ќе има комеморативна програма по повод од сеќавање на жртвите на геноцидот во Сребреница)
Битола - Промоција на романот „Ако се родат некакви чуства“ од Блаже Миневски. (Офицерски дом/12:00)
Скопје - Промоција на романот „Записите на црвот Смолински“ од младиот косовски автор Азем Делиу. (Младински културен центар/20:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***