• понеделник, 16 септември 2024
МИА Најави МКД

16 септември 2024

Скопје - Посета на делегација од германскиот Бундестаг. (Собрание/Сала на Уставна комисија/11:00) 

Скопје - Прес-конференција на пратеникот Амар Мециновиќ.(Собрание/прес-центар/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за култура и туризам. (Собрание/ Сала 6/12:00) 

Скопје - АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските комори во странство и Македонско-Германското стопанско здружение организираат деловен појадок со премиерот Христијан Мицкоски, кој пред стопанствениците ќе има обраќање на тема „Економски и финансиски политики на Владата“. (х„Александар Палас“/10:00/изјава за медиуми на премиерот Мицкоски пред почетокот на настанот)

Скопје – Брифинг за медиуми на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски (Министерство за надворешни работи/11:00/без камери)

Скопје - Прес-конференција на Синдикатот на приватниот, административниот и јавниот сектор (СПАЈС) при Конфедерација на синдикални организации на Македонија, за предупредувачки протест на вработени во ЈСП Скопје. (пред влез на дирекција на ЈСП/09:00)  

Скопје – Прогласување на добитници на годишните награди на Друштвото на писатели на Македонија (Простории на Друштво на писатели на Македонија/11:00)

Скопје – Комеморативна седница на Македонската академија на науките и уметностите заедно со Природно – математичкиот факултет – Скопје за академик Бојан Шоптрајанов, редовен член на МАНУ. (Свечена сала на МАНУ/11:00)

Скопје -  Прес-конференција на здруженијата „Човекот над профитот", „Но Пасаран" и КСОМ. (пред Уставен суд/12:00) 

Скопје – Отворање на јубилејна изложба по повод 15 годишнината од
отворањето на Музејот Спомен куќа на Мајка Тереза (Амфитеатар на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза/13:00)

Скопје -  Манифестација „Движи се за здравје“ на Детски културен центар по повод Европската недела на мобилност. (Фонтана Лотус/10:00)

Скопје – Консултативно-основачки настан на Фондација за заштита на Охрид и Преспа (Хотел „Александар Палас/18:00)

Скопје – Премиерна изведба на музичката композиција на Нил Бранд за немиот филм на Алфред Хичкок „Уцена“ од страна на студентите од Институтот FAME’S (Кино Милениум на Македонија/20:00)

Скопје – Отворање на групна изложба „Млада уметност“ (Галерија МКЦ/20:00)

Скопје – Одбележување на Европска недела на мобилност во организација на „Гоу Грин“ од 16-22 септември со активностите „Вело-бус“ и Маалско дружење во населбите (Општини Кисела Вода, Гази Баба, Центар и Аеродром)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан