• сабота, 27 април 2024
МИА Најави - МКД

12 јуни 2023 

Скопје - Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се обрати на настанот на тема „Придонесот на Парламентот во работата на Советот за човекови права на ОН и Универзалниот периодичен преглед“, во организација на Парламентот и Обединетите нации во Северна Македонија. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 4/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/13:00)

Скопје - Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе одржи две седници. (Сала на Уставна комисија/13:30/13:45)

Богданци - Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова ќе ја посетат Општина Богданци. (12:00 часот предвиден е увид на почеток на проект за реконструкција на водоводна мрежа во Богданци, превидени се изјави за медиумите).

Демир Капија - Премиерот Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и директорот на ЈП „Македонија пат“, Костадин Ацевски ќе извршат увид на рехабилитација на пат во Демиркапискиот регион. (14:30; превидени се изјави за медиумите).

Штип - Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески ќе го посети Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД). (изјави за медиумите во 12.45 часот во Ректоратот на УГД)

Скопје - УКИМ ќе ги награди најдобро дипломираните студенти во учебната 2021/2022 година. (Аула на Ректоратот на Универзитетот/12:00)

Скопје - Прес-конференција на Коалицијата Менуваме. (Собрание, 12:00)

Скопје - Трето издание на Фестивалот за класичен балет и модерен танц, во организација на Детски културен центар – Карпош и со поддршка на Град Скопје. (Национална опера и балет/19:30)

Скопје - Премиера на мјузиклот за деца и младинци „Малата сирена“ од членовите на Студиото за детски и младински мјузикли „Бродвеј Јуниор“. (МКЦ, кино „Фросина“/18:00 и 20:00) 

Скопје - Прес-конференција на директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски и претседателот на Федерацијата на училишен спорт на Македонија проф. д-р Александар Туфекчиевски. (Простории на АМС/12:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан