• сабота, 21 декември 2024
МИА Најави МКД

29 март 2023

Скопје Претседателот Стево Пендаровски е домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. (акредитираните новинарски екипи во Кабинетот на Претседателот да пристигнат/ 8:30)

- Официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести. (Кабинет на Претседателот/ 9:30, отворена за акредитираните новинари, а во живо ќе се пренесува и на дигиталните платформи на претседателот Пендаровски (Фејсбук и Јутјуб).)

- Тет-а-тет средба (9:50)

- Пленарен состанок на делегациите (10:10)

- Заедничка прес-конференција на претседателите Пендаровски и Ван дер Белен (11:05, отворена за акредитираните новинари, а во живо ќе се пренесува и на дигиталните платформи на претседателот Пендаровски/Фејсбук и Јутуб)

- Полагање на венци на гробот на Гоце Делчев. (црква „Св. Спас“/ 11:45)

- Македонско-австриски економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу Северна Македонија и Австрија“. (х. „Мериот“/ 16:30)

Скопје Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери ќе се сретне со сојузниот претседател на Република Австрија, д-р Александер ван дер Белен. (сала „Длаборез“/ 12:50 – 13:10)

Скопје Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“/ 13:00)

Скопје Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала 6/ 11:00)

Скопје Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (сала „Борис Трајковски“/ 12:00)

Скопје – Клубот за младински прашања и политики, во коорганизација со Националниот младински совет на Македонија организира студиска посета во период од 28-30 март 2023 година, како дел од проектот „Инкубатор за јакнење на младите“. (Собрание на РСМ, Сала на Уставна комисија/ 10:00 – 11:30)

Џепчиште Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши ќе ја посетат групацијата „Везе Шари“. (локација:  Групација „Везе Шари“ во тетовско Џепчиште, се оди преку Желино, Палатица, изјава за новинарите/ 10:30)

Гостивар - Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, ќе ја посети компанијата за производство на душеци Алмеро во Гостивар. (изјави за медиуми пред седиштето на компанијата, на адреса „Илинденска“ бр 99 / 11:00)

Скопје Министерот за правда Кренар Лога ќе се сретне со министерката за правда на Австрија, Алма Задич. (Министерство за правда, по средбата ќе дадат кратки изјави/ 11:50)

Скопје Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе се обрати на јавното претставување на ЕУ проектот „ЕУ за човекови права: Вклучување на концептите за недискриминација во законодавството“ од страна на Делегацијата на Европската унија и МТСП. (х. Лимак, сала „Лимара“/ 10:30)

Скопје Промоција на Програмската рамка за соработка помеѓу Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Сида) и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). (х. „Хилтон“, изјави за медиумите ќе дадат Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање, Ами Ларсон Џаин, амбасадор на Шведска, Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП, Рамиз Реџепи, директор на Бирото за регионален развој и Душица Перишиќ, извршна директорка на ЗЕЛС/ 11:00)

Скопје – „Медиумите за ЕУ“: Покана за почетен настан за проектот - Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ во организацијана Евротинк – Центарот за европски стратегии. (х. „Холидеј ин“, сала „Бисер“/ 12:00)

Скопје Тркалезна маса на тема: „Криминалистички истраги (предистражна постапка) - координација и соработка со јавното обвинителство“ во организација на Факултетот за безбедност. (Сала за состаноци во библиотеката „Јордан Спасески“ при Факултетот за безбедност/ 10:00)

Скопје Стопанската комора на Северна Македонија и Трговското одделение при австриската Амбасада во Скопје организираат Македонско-австриски бизнис-средби, со цел интензивирање и зголемување на економската соработка меѓу компаниите од двете земји. (Стопанска комора на Северна Македонија, сала 4 на кат 5/ 10:00, изјави на Антони Пешев, извршен директор на Стопанска комора на Северна Македонија и Рихард Бандера, регионален менаџер за Југоисточна и Источна Европа и за Централна Азија/ 9:30)

Скопје Церемонија за доделување награди на 16 компании од регионот на Западен Балкан во рамки на Коморскиот инвестициски форум – КИФ. (х. „Александар Палас“, Сала 2/ 19:30)

Штип - Универзитетот „Гоце Делчев“ продолжува со активностите во рамките на одбележувањето на 16 години од своето основање.

- Промоција на доктори на науки на УГД. (Свечена сала во Ректоратот/ 10:00)

Скопје Форумот за образовни промени организира јавна дебата на тема „Иселување на млади со високо образование: Дали РСМ подготвува работна сила за земјите од ЕУ?“ (Europe House/ 13:00)

Битола Регионален настан во Битола - проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. (во Амфитеатарот на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“/ 11:00)

Скопје Piano day Skopje 2023. (КИЦ – Скопје, Салон 19:19/ 17:00)

Скопје Филмска вечер на која ќе биде прикажан современиот германски филм „Клео“ на режисерот Елир Шмид. (Кинотека на Северна Македонија/ 20:00)

Скопје Промоција на печатеното издание автобиографија на шпанскиот режисер Луис Буњуел насловена „Мојот последен здив“. (Кинотека на Северна Македонија, кино сала/ 12:00)

Скопје Промоција на автобиографската книга „Ти си таа“ на Ана Дорник. (х, „Александар Палас“/ 19:00)

Скопје Саем на мебел 2023 и премиера на краткиот документарен филм „Откриј го столарот во себе“. (во комплексот „Борис Трајковски“/ 9:30)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан