• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД

18 јули 2023

Скопје – Средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери и координаторите на Пратеничките групи, со Вајмарската тројка: Ана Лирман, министерка за Европа на Сојузна Република Германија, Лоренс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Француската Република и Шимон Шинковски вел Сенк, министер за европски прашања на Република Полска. (сала на Уставна комисија/ 10:10 – 11:00)

Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 120-та седница. (сала „Македонија“/ 11:00)

Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе продолжи со работа на 71-та, 103-та, 111-та, 115-та и 117-та седница. (сала „Македонија/ 13:30, 13:40, 13:50, 14:00 и 14:10) 

Скопје – Клубот на пратенички на Собранието ќе одржи консултативна средба со Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА и Министерството за труд и социјална политика. (сала „Борис Трајковски“/ 9:00 – 11:00)

Скопје – Работна средба на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија во врска со редовните активности за 2023 година. (Сала 6/ 10:30)

Скопје – Прес-конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КССМ). (простории на СОНК, ул. „Маџир Маало“ бр. 36/ 13:00)

Охрид – Во рамките на Српската вечер на „Охридско лето“ концерт ќе одржи српски виолинист Немања Радуловиќ. (на сцената на Долни Сарај/ 21:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан