• среда, 18 септември 2024
МИА Најави МКД

18 септември 2024 

Скопје - Седница на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“ /13:00)

Скопје - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ќе се обратат на Меѓународната конференција „Бизнис ангелите и претприемачки екосистем во Северна Македонија. Можности и предизвици“. (х. „Александар Палас“ /10:00; Изјави за медиуми /11:10)

Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари ќе го посети Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација - Скопје. (9:00)

Скопје - Конференција „Осигурување на одржливоста на реформите за подобрување на образовниот систем“ (х. „Лимак“ /9:00)

Скопје - Означувањето на почетокот на доградбата на ООУ „Блаже Конески“. (Населба Мичурин /10:00)

Скопје - Манифестација „Македонското наследство на вмреженоста и поврзаноста“ во рамките на Денови на европското наследство 2024. (Порта Македонија/13:00)

Скопје - Коалицијата „Сите за правично судење“ ќе одржи завршен настан за презентација на препораките и акцискиот план за подобрување на состојбите во правосудството кои се изработени во рамки на проектот „Подобрување на учеството на засегнатите страни во процесот на реформи во правосудство“. (х. „Мериот“, Изјави за медиуми /11:00)

Скопје - Седница на Уставен суд. (9:30)

Охрид - Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Оливер Миланов ќе се обрати на 23-тиот состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите. (х.„Силекс“ /16:00; Изјави за медиуми 15:45)

Скопје - Факултетот за безбедност - Скопје во соработка со Полиграф центар организира тркалезна маса „Полиграфот како средство за детекција на психофизиолошки измами и негова примена во јавен и приватен сектор“. (Библиотека на Факултетот /10:00)

Кочани - Организација на потрошувачите на Македонија ќе одржи промотивна средба на која ќе бидат претставени активностите на ОПМ овозможени преку проектот „Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги“. (х. „Сити ин“ /11:00) 

Скопје - Свечено врачување на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2023. (Просториите на Друштвото на писателите на Македонија /19:00)

Љубљана - Авторски концерт на композиторката Ана Пандевска. (Музичко училиште „Словењ Градец“ - Словенија /15:00)

__________________________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан