• понеделник, 13 мај 2024

МИА Најави-свет

МИА Најави-свет

6 Мај 2024

Брисел – Одбранбен индустриски форум ЕУ-Украина.

Аушвиц – Собир „Марш на живите“ во чест на жртвите на холокаустот во близина на поранешниот нацистички логор Аушвиц-Биркенау.

Берлин – Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер ќе го прими претседавачот со Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ.

Берлин – Почнува дводневниот осми годишен самит за глобални решенија, со учество на германскиот министер за економија Роберт Хабек, основачот на Мајкрософт Бил Гејтс и други личности.

Рим – Дводневен штрајк на новинарите на италијанската телевизија РАИ.

Берлин – Почнува тридневниот конгрес на германската конзервативна Христијанско-демократска унија (ЦДУ).

Техеран – Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси во дводневна посета на Иран.

Остани поврзан