• вторник, 12 ноември 2024
МИА Флеш
14 јули 2021 Скопје – Сонцето, уставното име, меѓународниот МК код и бројот 30 се симболите обединети на традиционалната црвена основа со кои се потенцира нашата државност на дизајнот на логото што ќе се користи по повод јубилејот – 30 години од независноста на државата. Логото по повод 30-годишнината од независноста на нашата држава ќе се применува на сите јавни настани на државните институции во претстојниот период и ќе биде достапен на сите граѓани, како дел од визуелизацијата на програмата за одбележување на – 30 години од референдумот за независност. Скопје – Интензивно продолжуваат подготовките за теренскиот попис, што ќе се спроведе во септември оваа година, информира портпаролот на Владата, Душко Арсовски на денешната прес-конференција. – Пописот во септември ќе се спроведе според највисоките статистички стандарди, нагласи Арсовски. Скопје – Од почетокот на оваа година во Технолошките индустриски развојни зони се потпишани нови договори со вкупен обем на инвестиции од 65 милиони евра, а вкупно на ниво на држава износот на странски инвестиции е над 100 милиони евра, информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски. На новинарско прашање колкави се очекувањата да достигнат бројките на странските инвестиции до крајот на годината, Арсовски потенцира дека според податоците на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони во моментов се водат преговори за над 30 нови инвестициски проекти од постојни и потенцијални инвеститори кои се присутни во државава и кои во наредниот период треба да донесат над 400 милиони евра инвестиции и нови 8.500 работни места. Скопје – Курбан Бајрам – 20 јули (вторник) е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на граѓаните од муслиманската вероисповед во земјава им го честитаат празникот Курбан Бајрам. Скопје – Предлогот за поставување на видео надзор и боди камери не се однесува на целата администрација, туку за службениците коишто вршат контрола, надзор и посебни овластувања особено во процесите коишто не можат да се дигитализираат и вклучуваат неопходно учество на човечкиот фактор, појасни на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за предлогот за снимање на работата на државните службеници при контакт со граѓаните. Овој предлог, нагласи Арсовски, во наредниот период детално ќе се истражи и анализира од аспект на негова имплементација, опфатот на службениците, обезбедувањето на сигурноста и приватноста на граѓаните, како и техничките и законските можности. Скопје – Цената на оризот е променлива категорија, што од година во година зависи од многу фактори согласно условите што ги диктира пазарот и е договор меѓу производителите и откупувачите, истакна денеска владиниот портпарол Душко Арсовски во однос на барањата на производителите на ориз за фиксна откупна цена на оризот и зголемување на субвенциите. – Тоа што е факт е дека просечната цена на пазарите на големо од реколтата 2020 изнесува 56,82 денари за килограм. Оваа цена е повисока споредена со изминатите четири години. Исто така, и цената на оризот на пазарите на мало е повисока. Во 2020 достигнува до 73,10 денари за килограм, што е раст од осум проценти споредено со 2018 и 2019 година, истакна Арсовски. Скопје – „Комерцијална банка“ е добитник на наградата „Најдобра банка во Северна Македонија“ за 2021 година што ја доделува магазинот „Еuromoney“. – Оваа награда е признание за извонредност на Банката, која со стабилност, одговорност и импресивни резултати се носи со Covid-19 кризата и излегува во пресрет на потребите на клиентите. Врз основа на повеќе критериуми и остварените резултати по тој основ, врвни новинари и дописници на Еuromoney ја издвоија Комерцијална банка пред конкуренцијата и ја прогласија за најдобра во земјава. Kритериумите за доделување на наградите вклучуваат профитабилност, видлив раст, иновативност, нови услуги, остварување на релативно подобри перформанси во однос на конкурентите и можност за прилагодување кон променливите услови на пазарот и потребите на клиентите, информираат денеска од Банката. Скопје - Собраниската Комисија за финансирање и буџет и денеска ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2021 година во рамки на која треба да се разгледаат вкупно 222 амандмани од кои 153 се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Во претпладневниот дел од денешната работа Комисијата не ги прифати амандманите од пратеникот Халил Снопче од Алијанса за Албанците со кој се бараа средства за поставување мерни станици во сите општини во земјава за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух, како и на Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ со кој се бараа 15 милиони денари за поставување две мерни станици во Општина Кисела Вода од кои едната во населбата Драчево. Скопје – Во конструктивна дискусија со повеќе забалешки и коментари за подобрување на предлог-текстот, помина денешната јавна расправа по нацрт-законот за инспекциски надзор во животната средина. -Убеден сум дека решенијата кои се нудат во овој закон ќе овозможат надминување на одредени констатирани слабости во функционирањето на инспекциските служби, пред се, во недостатокот на кадар и неговата континуирана специјализација, изјави министерот за животна средина Насер Нуредини, дополнувајќе дека не помалку значајна за зајакнување на инспекцискиот надзор е и соработката на централно и локално ниво, заради координирано и навремено дејствување и обезбедување соодветна заштита на медиумите и областите на животната средина. Скопје - Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната 378 седница разреши тројца судии поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и донесе одлука за престанок на мандат на двајца судии поротници од Основниот кривичен суд Скопје поради навршени 60 години возраст. Разрешените судии времено се одалечени од вршење на судиската функција. Судскиот совет, се вели во соопштението по одржаната 378 седница, донесе одлуки за престанoк на судии поротници: во Основниот суд Свети Николе: Стојка Пешевска, Момчило Нацевски, Сузана Дерменџиева и Владимир Тосев, поради истек на мандатот; Основен суд Радовиш: Убавка Петкова, по сопствено барање и Александра Тодорова, поради истек на мандатот и во Основен кривичен суд Скопје: Митко Сандев и Зенел Елези, поради навршени 60 години возраст. Скопје – Принципите на превенцијата се истите и без разлика кој сој на вирусот ќе дојде ќе останат исти – маската, дистанцата, дезинфекцијата на рацете и ние не можеме да живееме затворени. Граѓаните мора да го имаат ова на ум и да имаат на ум дека станува збор за нивното здравје и кога е во прашање вакцинацијата, но и кога се во прашање превентивните мерки, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче. Ако е голема гужва во ресторан, посочи, не мора сите да влеземе таму, треба да знаеме низ што поминавме и треба да знаеме дека не може се да ни каже државата што да правиме, ние мора да функционираме, а во исто време да водиме сметка за сопственото здравје и тоа е еден многу битен сегмент што ќе остане да важи следните веројатно години колку што ќе трае пандемијата, а тоа никој не знае во овој момент. Скопје  – Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.798 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 11 , Тетово – 6 и Свети Николе – 1. Регистрирани сe седум оздравени пациенти од: Скопје – 3, Битола, Струмица , Кичево и Берово – по 1. Не се регистрирани починати пациенти, соопшти Министерството за здравство. Направени се 2.798 тестови преку: ИЈЗ-142, ЦЈЗ Скопје-45, ЦЈЗ Битола-29, ЦЈЗ Прилеп-28, ЦЈЗ Тетово–18, ЦЈЗ Куманово–22, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 9, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–29, Жан Митрев (Филип Втори)-54, Авицена-169, Биотек-147, Систина-79, лабораторија Лаор-119, Синлаб-146, Ремедика-7, Плодност–25, Генеа–2, Никоб лаб-461, ВФВ Медикал-57, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.201. Скопје – Министерот за здравство Венко Филипче, во врска со наодите од извештајот на Државниот завод за ревизија, денеска изјави дека не се работи за набавка во четири очи, туку дека станува збор за набавки за коишто немало оглас, бидејќи било кратко времето да се стигне до потребната опрема или материјали. – Ги прочитав вчера насловите во медиумите и тоа е процес којшто се одвиваше изминативе, мислам, повеќе од три месеци, пред месец – месец и пол имавме официјална презентација и тоа не се набавки во четири очи. Тоа се набавки во коишто нема оглас заради тоа што е кратко времето да се стигне до потребната опрема или материјали. И ние за сите тие објавени неколку постапки и сите се јавно објавени и документите и на сајтовите на Министерството, сме праќале понуди на повеќе од 100 компании коишто може да дадат таква понуда и се избирале тие коишто имале најниска цена. Не постои друг механизам нешто да се набави за ултракратко време, а да ве потсетам дека тогаш стануваше збор за заштитни маски, лична заштитна опрема за здравствените работни Никозија – Преку „Планот спонзорирани летни одмори“ надлежното Министерство за туризам на Кипар им нуди попуст за летување на граѓаните, под услов да се вакцинирани, односно да имаат примено барем една доза или да прележале Ковид-19 во последните 180 дена, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно програмата, во која учествуваат околу 220 хотели и туристички објекти, лицата кои ги исполнуваат условите можат, во периодот од 15 јули до 31 август 2021 година да добијат 35 отсто попуст, а цените се до 80 евра дневно за двокреветна соба со појадок и неопходно е да останат најмалку три вечери.

Брисел – Европските дипломатски служби реагираа денеска за пресудата изречена во Русија против активистот за човекови права, Семјон Симонов, согласно рускиот закон против странски агенти.

Овој руски закон налага секој кој прима финансии од странство да ги пријави и се смета за “странски агенти“. Симонов е осуден на 250 часа работа од јавен интерес за неплатена казна.

Вашингтон - Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш го критикуваше повлекувањето на САД и НАТО од Авганистан, нагласувајќи дека цивилите се оставени да бидат „немилосрдно убиени“ од талибанците.

– Авганистанските жени и девојчиња неописливо ќе страдаат. Ова е грешка … Тие едноставно ќе бидат напуштени да бидат немилосрдно убиени од овие многу брутални луѓе и тоа ми го крши срцето, изјави Буш за германската телевизија Дојче веле.

Брисел – Европската комисија одговори на критиките дека Климатскиот план предложен денеска највеќе ќе ги погоди најранливите и најсиромашните категории граѓани, јави дописничката на МИА од Брисел.

Планот презентиран денеска во Брисел предвидува Социјален Климатски Фонд кој треба да ги поддржи најранливите со 72,2 милијарди евра за земјите членки за периодот 2025-2032. Со дополнителни финансии од земјите членки, Европската Комисија се надева да постигне 144 милијарди евра за “социјално фер транзиција“.

Брисел  – По најавите во Франција дека вакцинацијата ќе биде задолжителна за здравствените работници, во Белгија за сега таква мерка не се планира, но не се исклучува целосно, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Медиумите, повикувајќи се на владини извори, посочуваат дека експертите и министрите за здравство го разгледуваат прашањето, но за сега остануваат на ставот дека е подобро да се оди на сензибилизација на населението.

Тагови

Остани поврзан