• понеделник, 23 декември 2024
МИА Флеш
15 јули 2021  Скопје - Ефективна размена на научни и стручни практики и знаења во областа на лозарството и винарството и стручна пракса за студентите и експертите, се само некои од придобивките на Меморандум за соработка што денеска го потпишаа винарската визба „Тиквеш“ и Факултетот за земјоделски науки и храна. Во Меморандумот се дефинирани сите области на соработка која, како што наведува „Тиквеш“, ќе придонесе за натамошен развој на винарството преку симбиоза меѓу науката и современите светски практики. Скопје - Одолговлекувањето на судските предмети и ризикот од застарување на предметите влијае на перцепцијата на граѓаните во правосудството. Затоа не е доволно само разрешување поради нестручно и несовено работење, туку потребно е детално постапување и испитување на сите индикатори за потенцијална корупција. Во однос на промената на судечките совети и враќањето од почеток, додека се чека да се најде законско решение што да се прави кога мандатот на поротникот ќе заврши или исполни услови за пензија, потребно е преземање превентивни мерки, кои не бараат никакви законски измени, како што се давање приоритет на одредени предмети или ставање резервен судија поротоник. Скопје - Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција доставиле документација која оди во прилог на можни злоупотреби во Скијачката и во Боречката федерација, што неговиот Кабинет ја добил како преставки за работата на овие две спортски федерации. Агенцијата за млади и спорт, пак, повела дисциплинска постапка против самостоен инспектор, кој ја испитува работата на овие две федерации поради тоа што, како што велат оттаму, постојат сериозни индиции за одредени пропусти при вршењето на инсепкцискиот надзор. Скопје - Судијата Горан Бошевски, од Кривичниот суд Скопје, неодамна разрешен и суспендиран од Судскиот совет, постапувал по 28 предмети (два се веќе завршени) и истите се поставени во системот АКМИС за расподелување кај другите судиите од Секторот за организиран криминал, брифираат од Кривичниот суд Скопје. Додека судијата поротник Митко Сандев, освен во предметите Талир, Тендери, Титаник и Топлик учествувал и во пет други предмети. Од 2013 година согласно систематизацијата на Кривичен суд предвидени се да работат 200 судии поротници, односно актуелно во Кривичниот суд Скопје имаа 54 активни поротници и шест поротници избрани на 14 јули, кои дополнително треба да почнат со работа. Во последниот оглас објавен од Кривичен суд Скопје, за судии поротници биле пријавени 15 судиите поротниците, од 50 колку што се барале, а седум од пријавените биле на возраст од 58 години. Белград  – Српската полиција рано утрово запрела државјанин на Северна Македонија на возраст од 32 години, кој возел пијан и дрогиран по автопатот Ниш- Белград со брзина од 173 километри на час, на место каде што ограничувањето изнесува 130 километри на час, јави дописникот на МИА од Белград. Како што се наведува во соопштението на српското Министерство за внатрешни работи, сообраќајната полиција на наплатната рампа Врчин кај Белград околу 4,43 часот запрела автомобил марка „Порше Карера“, управувано од државјанин на Северна Македонија. Скопје - Според податоците од националниот систем „Мој Термин“ до денеска напладне вкупно 1623 деца и млади од 12 до 18 години покажале интерес за вакцинирање. Тие во текот на утрешниот ден ќе добијат термин за вакцинирање, кое за нив ќе почне од понеделник. Вакцинирањето ќе биде во постојните вакцинални пунктови во градот кој го навеле при пријавувањето, информираа за МИА од Министерството за здравство. Најголем број пријавени деца и млади, како што се посочува, има во Скопје и тоа во поликлиниките „Букурешт“ – 376, „Јане Сандански“ – 267, „Чаир“ – 101 и „Бит Пазар“ – 5.

Скопје - Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Организацијата на работодавачи на Македонија имаат Меморандум за соработка, кој денеска го потпишаа ректорот Никола Јанкуловски и претседателката  на ОРМ, Владанка Трајкоска.

Со овој Меморандум за соработка, како што информира УКИМ, договорните страни се стремат да го уредат својот меѓусебен однос и да ја предвидат својата долгорочна соработка и меѓусебна поддршка во понатамошните активности преку имплементирање заеднички проекти со цел да се задоволат потребите од високостручен кадар во сите сегменти на приватниот и јавниот сектор, континуирано приспособувајќи се на динамичните промени во овој домен, како и зголемување на интересот на приватниот сектор за дипломците на Универзитетот.

Струга - Мобилни скенери, дензитометри и камери, се дел од опремата што УСАИД ја донираше за царинските управи на Северна Македонија и Албанија, за олеснување на трговијата и транспортот и подобрување на прекуграничната соработка меѓу двете земји со цел воспоставување заеднички граничен премин и заеднички контроли на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане. Донацијата во вредност од 100.000 евра, која се состои и од советодавна помош, денеска на граничниот премин Ќафасан ја промовираа амбасадорките на САД во Северна Македонија и во Албанија Кејт Мари Брнз и Јури Ким, претставникот на царинската администрација на Северна Македонија, Илија Јаноски и директорот на албанската царина Генти Гажели. Скопје - Во рамки на 45. седница, Собранието попладнево започна со расправа по измените на Законот за додадена вредност, со којшто се предлага намалување на стапката од 18 на 5 проценти за прометот и увозот електричната енергија за домаќинствата за период од денот на влегување во сила на овој закон до 30 јуни 2022 година како и оданочување со даночна стапка од 10 проценти за прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година. Тимчо Муцунски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ рече дека опозицијата ќе го поддржи законот, но критикуваше дека власта не го прифатила нивните амандмани, како и дека и покрај тоа што данокот се намалува, не се намалува цената на струјата. Скопје –  Редовен состанок со градоначалниците, директорите на училиштата и лицата задолжени за образование во локалните самоуправи одржа денеска министерката за образование и наука Мила Царовска, на кој разговараа за подготвеноста за имплементација на новите наставни програми за прво и четврто одделение, кои согласно новата Концепција за основно образование треба да се воведат од 1 септември. МОН информира дека на состанокот беа споделени информации за техничката подготвеност со опрема со која располагаат училиштата, неопходна за успешна реализација на зацртаните реформи, а градоначалниците и директорите истакнаа дека интензивно се подготвуваат и заедно со МОН ќе обезбедат навремен почеток на учебната година и спроведување на новите наставни програми. Скопје – Во пресрет на претстојниот празник Курбан Бајрам, Секторот за внатрешни работи – Скопје ги информира граѓаните дека Одделението за превенција деновиве ќе реализира повеќе работни состаноци со граѓанскиот сектор, на кои ќе се укаже на потребата од почитување на законската и подзаконска регулатива за продажба и колење на животни по повод празникот, вклучително и мерките за заштита од ширење на КОВИД-19. – Секторот за внатрешни работи Скопје укажува дека годинава по повод празникот, продажбата на добиток, за кој мора да се поседува соодветна документација, ќе се врши исклучиво на Сточниот пазар во село Трубарево, додекa продажбата на други локации, како и колењето на животни на јавни површини, се забранети и ќе бидат санкционирани. соопштија денеска од МВР.

Скопје - Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, Амбасадата на Народна Република Кина во земјава донираше 1,6 милион денари  на ЈЗУ Здравствен дом Скопје за поликлиниката „Шуто Оризари“. Средствата се наменети за РТГ Кабинет, опремување со медицински мебел и реконструкција на покривот на поликлиниката.

По тој повод, претседателот Пендаровски, амбасадорот на Кина, Џанг Ѕуо, и претставници на ЈЗУ Здравствен дом Скопје денеска ја посетија поликлиниката „Шуто Оризари“. Посетата е завршна фаза од оваа активност по потпишувањето на меморандумот за соработка и реализацијата на донацијата. Скопје - Тимот на Агенцијата за иселеништво во изминатите шест месеци, работеше на изработката на новата официјална интернет страница на институцијата, наменета пред се за информирање на иселениците со секојдневните случувања во државата, како и со активностите на иселеничките организации ширум светот, информираат од Агенцијата. Изработката на новата страница, се додава во соопштението, е со цел да се внесат новитети при информирањето на јавноста како во земјата, така и во дијаспората. Скопје - Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска се сретнал со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Мухамед Сејдини. Упатувајќи му честитки за постигнатиот успех на дебито на Република Северна Македонија на овогодинашното Европското првенство, Османи во името на Владата и Министерството за надворешни работи, се заблагодарил за достоинственото претставување на земјата во меѓународната јавност. Скопје - Првите луѓе на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски и на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта „Македонија пат”, Беким Мемеди денеска потпишаа Меморандум за соработка. Со Меморандумот се официјализира соработката за активностите за пријавување и доставување трупови од угинати животни (куче, мачка, зајак, лисица, волк, куна, ласица, шакал, дивокоза, срна и дива свиња) кои на државните патишта на целата територија на земјава ќе бидат најдени од страна на вработените на ова јавно претпријатие при извршување на работните задачи. Скопје – Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.866 тестирања, при што се регистрирани се 26 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани сe и осум оздравени пациенти, а нема починати, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број новорегистрирани случаи на Ковид19 од Скопје се 13, од Тетово 5, од Гостивар 3, Кичево 2 и од Куманово, Прилеп и Штип по 1. Од осумтемина оздравени пациенти тројца се од Струмица, по двајца од Куманово и Тетово и еден од Скопје. Направени се 2.866 тестови и тоа преку ИЈЗ-83, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-39, ЦЈЗ Прилеп-22, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–14, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–16, Жан Митрев (Филип Втори)-52, Авицена-147, Биотек-152, Систина-79, лабораторија Лаор-178, Синлаб-26, Ремедика-16, Плодност–31, Генеа–3, Никоб лаб-652, ВФВ Медикал-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.286. Скопје - Претседателот на Собранието Талат Џаферо денеска од собраниска говорница соопшти дека предложната Резолуција од ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата и националните црвени линии е примена во Парламентот и дека најверојатно материјалите за неа ќе бидат испратени до пратениците и таа би можела да се најде на дневен ред на наредната седница. -Резолуцијата е примена во Собранието и е во изготвување да се распредели до сите пратеници. Согласно Деловникот, за актите за коишто не се распределени до пратениците не може да се отпочне собраниска постапка. Се надевам дека до наредната седница ќе биде спремен целиот материјал. Не е започната законската постапка за соодветниот документ, рече Џафери одговарајќи на процедуралната забелешка на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кој на почетокот на 46. седница побара Резолуцијата да биде ставена на дневен ред. Скопје - Инвестираме во усовршување на знаењето на здравствените работници преку различни програми на меѓународните школи, семинари и курсеви. Само на овој начин можеме да придонесеме до имплементација на различни иновации во областа на здравството, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Посочува дека со професорот и деканот на Европскиот центар за мир и развој од регионалниот Институт за развојни студии, (ЕЦПД-РИРС) д-р Никола Поповски, потпишале договор за соработка за исполнување и реализација на научно-истражувачката програма и проекти, односно магистерски и специјалистички-докторски студии од областа на здравствените, биохемиските и медицинските науки. Скопје - Словенечкото претседателство со ЕУ е многу мотивирано да го реши прашањето меѓу Северна Македонија и Бугарија. Веќе има интензивна комуникација помеѓу нашето претседателство со Софија, со Брисел и со други земји членки на ЕУ. Би сакале да добиеме што е можно поскоро јасна слика за одредени позиции и не би сакале да чекаме до декември, туку доколку е можно порано да го решиме ова прашање. Ова денеска го изјави словенечкиот амбасадор во земјава Милан Предан, презентирајќи ги приоритетите на словенечкото претседателство со Европската Унија на заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања во Собранието. Скопје - Министерството за правда активно работи да се спречат обидите за заобиколување на правдата, порача министерот за правда Бојан Маричиќ во своето он-лајн обраќање на отворањето на јавната дебата „Истражување и анализа на состојбите со корупцијата во правосудството“ во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата. -Не можеме да имаме силна правна држава ако законите не важат за сите подеднакво. Тие што направиле корупција или криминал, без разлика дали се работи за политичари, судии или кој било, мора да одговараат. Обидите за заобиколување на правдата и правниот систем не смееме да ги  дозволиме. Токму затоа ја поддржавме и новата методологија за проверка на работата во судството. Вчера Судскиот совет донесе одлука за разрешување на тројца судии. Досега вкупно 16 судии се разрешени. Сметам дека овие проверки според планот треба да продолжат и јас како министер и Владата во целина, даваме безрезервна поддршка на тој процес, потенцираше Маричиќ. Скопје – Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со градоначалникот на Општина Валандово, Перо  Костадинов, денеска направија увид во градежните работи на новиот објект-детска градинка во село Јосифово, Општина Валандово. -Министерството за труд и социјална политика продолжува да инвестира во изградба на нови и проширување на постоечките градинки со цел да го зголеми опфатот на деца во предучилишно образование, посочи министерката Шахпаска. По направениот увид во градежни работи на новиот објект министерката информираше дека динамиката на градежните работи кои се во тек се одвиваат дури и со побрзо темпо од предвиденото. Таа изрази задоволство што наскоро децата од Јосифово ќе добијат целосно нова градинка, градена по сите европски и светски стандарди. Анкара - Најмалку пет луѓе загинаа, а тројца се водат како исчезнати во поплавите и свлечиштата во северниот дел на Турција. Обилен дожд синоќа ја погоди турската провинција Ризе на брегот на Црно Море, каде спасувачките екипи трагаат по три исчезнати лица. Поради надојдената вода евакуирани се повеќе стотици луѓе. Белград - Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека Европската Унија сака да го забрза процесот на проширување, што за Србија значи отворање на два кластера во пристапните преговори уште во текот на оваа година, јави дописникот на МИА од Белград. – Политиката за проширување останува во срцето на нашите активности и ние сакаме да ја забрзаме, се наведува во пишаната изјава на Вархеји за Конференцијата за резултатите и можностите на ИПА фондовите во Србија, насловена „Србија и ЕУ: Поддршка за развој и преговори за членство“ што се одржува во Белград. Тирана - По серијата апсења за корупција во општините и други државни институции во земјата, албанскиот премиер Еди Рама најави „изградба на антикорупциска мрежа во целата јавна служба“. Тој додаде дека ќе има поединци кои ќе бидат сместени во секоја јавна институција и ќе имаат единствена должност да предупредат на какво било коруптивно дело и да го одвојат „влажното од сувото“, како што дообјасни, корумпираните од оние што чесно работат.

Брисел - Локалните власти во регионите погодени од катастрофалните поплави во Белгија најавуваат дека до крајот на денот очекуваат нивото на водата да се искачи за метар и половина, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Поплавите не стивнуваат на југоистокот на Белгија, близу германската граница, за сега вкупно се пронајдени шест мртви тела, десетици се исчезнати, куќи урнати, возила потопени, патиштата и железниците се затворени.

Луѓето ја организираат солидарноста на секое ниво, а сите власти, регионални и федерални, се насочени исклучиво кон спасувањето животи и санирање на штетите.

Кабул - Авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска ќе се сретне со регионалните лидери во Узбекистан, бидејќи талибанците преземаат поголема контрола врз неговата земја, со што се зголемува стравот од нова бегалска криза. Неколку милиони Авганистанци побегнаа од земјата за време на повеќедеценискиот конфликт во земјата, а 270.000 Авганистанци заминаа од јануари, откако почна повлекувањеето на американските сили.

Тагови

Остани поврзан