Брисел - Европската унија планира да им препорача на земјите -членки да ги обноват ограничувањата за туристите од САД поради зголемувањето на нивото на инфекции со коронавирус во таа држава, објавија денеска европски дипломати.
Најновите упатства може да пристигнат веќе оваа недела, според дипломати на ЕУ, кои зборуваа под анонимност, бидејќи процесот на ревизија се уште е во тек.
Вашингтон - САД го достигнаа бројот од над 100.000 хоспитализации на пациенти заболени од Ковид-19 дневно, приближно до бројот на хоспитализации за време претходниот бран коронавирус зимоска пред да започне вакцинацијата, објави Њујорк тајмс.На ниво на САД регистрирани се над 156.000 нови случаи инфекција дневно.
Пекинг - Компаниите за игри во Кина ќе мора да ги ограничат малолетниците да играат игри во петок, викенд и за празници на еден час дневно, јави Синхуа.
Новите правила за ограничување на времето што малолетниците ќе можат да го поминуваат играјќи игри преку интернет ги објави Националната администрација за медиуми и издаваштво како одговор на растечкиот проблем на овој вид зависност.
Њујорк - Да се гарантира правото на државјанство и да се искорени бездржавјанството е достижна цел, сега поважна од кога било, соопшти денеска Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР), додека меѓународната заедница ја одбележува 60-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата на ОН за намалување на бездржавјанството од 1961 година. – Новите глобални предизвици, какви што се Ковид-19 и ефектот на климатските промени, надополнети од упорните предизвици како што е растот на присилните раселувања, покажуваат колку е клучно правото на државјанство. Да имаш државјанство – и заштитата од страна на државата која тоа ја обезбедува – може да значи живот, што станува уште поточно во време на криза, без оглед на тоа дали се работи за вакцинација, евакуација или имање на потребната сигурносна мрежа во општеството, изјави Филипо Гранди, Високиот комесар на ОН за бегалци. Кабул – Џихадистичката група Исламска држава презеде одговорност за денешниот ракетен напад кон аеродромот во авганистанскиот главен град Кабул. – Војниците на калифатот истрелаа шест ракети кон меѓународниот аеродром во Кабул, се наведува во соопштението на ИД.