• понеделник, 29 април 2024
МИА Најави – МКД
29 јуни 2020 Скопје - Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска заедно со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, ќе имаат средба со менаџментот на компанијата Пакомак - корисници на инструментите од ФИТР. (простории на Пакомак, ул. „Партизански одреди“, Порта Влае блок 4, над Баду бар/10:30, по завршување на состанокот ќе следат изјави за медиумите околу 11:00) Скопје - Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и министерот за здравство Венко Филипче, ќе го посетат Меѓународниот аеродрoм Скопје и ќе имаат средба со менаџментот на ТАВ Македонија.(изјави за медиумите/13:00) Штип - Прес-конференција на Првниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во врска со претстојните уписи и појаснување за електронско пријавување на нови студенти на Универзитетот. (пред просториите на Правниот факултет на УГД/10:00) Скопје - Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ќе ги соопшти добитниците на наградите за најдобри новинарски стории поврзани со известувањето за пандемијата на коронавирусот (КОВИД-19), предизвиците и последиците од неа. (на Фејсбук страницата на СЕММ/12:00) Скопје - Прес-конференција на Синдикатот на  работниците за сообраќај и врски на РС Македонија. (во просторијата бр. 711 на Синдикатот на железничарите на РСМ на новата железничка станица/10:00) Скопје – Прес-конференција по повод првата работилница со претставници на ГО и Заедниците на станари од општина Кисела Вода во рамки на проектот „Преку Архус и Мастрихт до Еколошка транспарентна информација“. (простории на Општина Кисела Вода/15:30) ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020 Гевгелија/Арачиново - Караванот на Коалицијата „Можеме“ ќе ги посети општините Гевгелија (19:00) и Арачиново (20:30) Јегуновце/Брвеница/Ѓорче Петров/Куманово – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе ги посети општините Јегуновце (15:30), Брвеница (17:00), Ѓорче Петров (18:30) и Куманово (20:30) Охрид - Прес-конференција на ГДУ, на која ќе се обрати претседателот Петар Колев, а ќе присуствуваат носителот на ГДУ во ИЕ 5, Дасниел Јордановски и други членови на партијата. (пред споменикот на „Св. Кирил и Методиј“ во центарот на градот/11:00) Скопје - Прес-конференција на проф. д-р Јове Кекеновски, носител на листа за пратеници од Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија" во ИЕ 2, со дел од кандидатите за пратеници. (пред платото на Општина Бутел/11:00) Скопје - Прес-конференција на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. (Изборниот штаб до плоштадот „Скендербег“/11:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан