6 мај 2020
Брисел - Видеоконференциска врска на лидерите на ЕУ и Западен Балкан од Европската народна партија (ЕПП) пред самитот ЕУ-Западен Балкан.
Брисел/ Загреб - Видео средба меѓу лидерите на земјите членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан.
Женева - Прес-конференција на претставниците на Светската здравствена организација за епидемијата на коронавирусот.
Берлин - Германската канцеларка Ангела Меркел ќе разговара со официјалните претставници од германските провинции за новите чекори за олеснување на забраните за движење.
Москва - Руската Влада се состанува со претседателот Владимир Путин за ублажување на преземените мерки за борба против коронавирусот.
Мадрид- Шпанскиот премиер Педро Санчез од парламентот ќе побара продолжување на вонредната состојба во земјата.
Багдад- Ирачкиот Парламент ќе гласа за новата влада, предводена од Мустафа Кадими.