• недела, 19 мај 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет
13 октомври 2022 Брисел - Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент треба да гласа за нацрт-препораките во врска со новата стратегија за проширување на ЕУ. Њујорк - Итен состанок на Генералното собрание на ОН за руската анексија на делови од Украина. Брисел - Завршен ден од дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО. Астана - Дводневен самит на регионални организации со можно учество на рускиот претседател Владимир Путин, кој треба да се сретне со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Вашингтон - Годишен состанок на ММФ и Светската банка, како и состанок на министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите од Г20. Вашингтон- Јавна расправа на комисијата што го истражува упадот на илјадници поддржувачи на Доналд Трамп на Капитолот во Вашингтон на 6 јануари 2021 година. Рим - Прва седница на новиот состав на Парламентот на Италија. Брисел - Членовите на Европскиот парламент гласаат за избор на финалисти за наградата Сахаров за одбрана на човековите права и слободата на мислење. Лондон - Отворање на изложба во Британскиот музеј за хиероглифи.

Остани поврзан