• петок, 28 јуни 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет
11 април 2021 Берлин - Говор на германската канцеларка Ангела Меркел и двајца кандидати за нејзината функција пред пратениците на Христијанско-демократската унија (ЦДУ). Лондон - Доделување на наградите на британската Академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА). Истанбул - Втор ден од посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Турција и средба со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган. Лима - Општи избори во Перу за избор на претседател, двајца потпретседатели и составот на Конгресот. Квито - Втор круг на претседателските избори во Еквадор. Бишкек - Во Киргистан се одржува референдум за уставни амандмани со кои значително ќе се зголеми моќта на претседателството, а се одржуваат и локални избори за места во Советот.

Остани поврзан