Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе потпише Меморандум за соработка со Националната мрежа на жени претприемачи. (Министерството за економија, сала прв кат/10:30, изјави за медиумите по потпишувањето пред влезот на Министерството за економија)
Гевгелија - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски ќе извршат увид во градежните активности на изградба на социјалната зграда во Гевгелија. (Изјави за медиуми пред социјалната зграда/11:30)
Скопје - Министерката за образование и наука Мила Царовска ќе учествува на конференција посветена на унапредување на финансиската едукација на учениците од средните стручни училишта, во организација на Комисијата за хартии од вредност и Македонска берза. (Клуб на пратеници/10:00)
Битола - Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска ќе одржи средба со градоначалникот на Цетиње, Александар Кашќелан. (Општина Битола, изјава за медиуми/12:00)
Скопје - Форум на тема „Кражби на музејски предмети и недозволена трговија со културните добра“ во организација на Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син Штит“. (Сули-ан/12:00)Скопје - Тркалезната маса „Реформи во социјалната заштита-напредок и успеси, предизвиците и чекори напред". https://us02web.zoom.us/j/83353104127pwd=SkpBUS9TcFRiaGYvZVZ0NnRFNTZWdz09/10:30)
Скопје - Јавна дискусија насловена „Справување со заканите против шумите: Институционални капацитети“ во организација на Центарот за Европски Стратегии- Евротинк. (Јавна соба/15:00 и онлајн преку платформата Zoom) Скопје - Независниот синдикат на полицијата ќе одржи прес-конференција. (Пред просториите на МРТВ, од страната на факултетите/12:00) Скопје - Предавање на Вишња Кисиќ и Горан Томка на тема „Еколошки пресврт во културата: Да ги замислиме културните професии вон одржливиот развој и зазеленувањето“. (https://www.facebook.com/LOKOMOTIVA-Centre-for-New-Initiatives-in-Arts-and-Culture-238745038237/19:00) Скопје - Пијанистот Симон Трпчески, под диригентската палка на Габриел Бебешелеа, ќе ја изведе симфонијата „Данте“ и Концертот бр. 2 за пијано и оркестар на Франц Лист при Филхармонијата во Скопје. (20:00) Скопје - Почнува фестивалот „Џифони Македонија“. (МКЦ, Кино „Фросина“/18:00)Битола - Концерт на „Интерфест“ со Ангела Братиќ и Александар Цветковиќ, уметници од Србија. (Музеј/20:00)
Локални избори 2021 Скопје - Државната изборна комисија организира симулација на постапката за гласање на која ќе ги презентира новите уреди. (СЦ „Борис Трајковски“, мала сала, бул.„8 Септември“ бр.13, влезот е од задната страна кај аква паркот/13:00) Карбинци/Штип/Радовиш - Централниот караван „Најдоброто“ меѓу граѓаните на Карбинци, Штип и Радовиш, а на централниот настан ќе се обратат претседателот на СДСМ Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Јордан Насев. (Карбинци, Плоштад/17:30), во Штип ќе се обратат претседателот Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Сашко Николов (Плоштад Слобода/18:30) и во Радовиш ќе се обратат претседателот Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Коле Чаракчиев. (Плоштад/20:00) Неготино - Во рамки на вториот караван на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ ќе се обратат заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска и кандидатот за градоначалник Тони Делков. (18:00) Скопје - Изјава за медиумите на Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром. (Зад ТЦ „Лиса“ во Ново Лисиче/11:00) Дојран/Валандово/Богданци/Гевгелија - Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Дојран, Валандово, Богданци и Гевгелија. (Парк во Нов Дојран/19:30, Валандово, Парк Пеонија/19:30, Богданци, Градски парк Богданци/20:30, Гевгелија плоштад Гевгелија/20:30) Скопје - Кандидатката за градоначалник на Скопје - Ана Петровска ќе одржи прес-конференција на тема „Реупотреба на отпад како решение за нелегалните депонии". (нас.Лисиче,железнички мост-Усјански канал/10:00) Скопје - Прес-конференција на ТВОЈА партија. (Пред Регулаторна комисија/11:00) Скопје - Митинг на независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Петар Георгиевски - Камиказа, поддржан од партијата Левица. (Ѓорче Петров/18:00) Дебар - Изборни активности на Движењето Беса. (19:30)