• петок, 20 декември 2024
МИА Најави МКД
6 август 2021 Скопје – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери ќе го потпише Решението за распишување избори за членови на советите на општините и Советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје. (Кабинет на Претседателот на Собранието на РСМ / 17:00; потоа изјава  на претседателот Џафери во Кристалната сала)  Струга – Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ќе присуствува на панел-дискусија на тема: „...после Охридскиот рамковен договор“, организирана од Општина Струга по повод 20-годишнината на Охридскиот рамковен договор. (х. „Дрим“ /12:00) Дојран – Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава, во рамките на „ЕУ со ТЕБЕ“ ќе го посети Југоисточниот плански регион. (Изјави за медиумите пред зградата на Општина Дојран / 11:15);   Евроамбасадорот Гир ќе ја посети општина Конче (15:30) Скопје - Младинска дружба со диџеј сет на К-Р-К во рамки на „Културно лето во МОФ - Cult+Alt+Repat“. (Двор на Младински образовен форум, ул. „ Дренак“ 34 а /19:30)

Остани поврзан