• вторник, 02 јули 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
Скопје, 21 февруари 2022 Скопје - Работна посета на Делегација на Управувачката група за демократски развој на шведскиот Риксдаг. (Сала на Уставна комисија/ 9:30) - Средба со спикерот Талат Џафери. (9:30 – 10:00) - Изјава за медиуми на претседателот на Управувачка група, Фадил Зендели. (10:00)  - Обраќање на Фадил Зендели од Движење Беса, претседател на Управувачка група. (10:00 - 10:05)  - Возвратно обраќање на втората заменик-претседателка Лота Џонсон Форнарве, Лева партија, претседателка на Управувачка група. (10:05 - 10:10) - Законодавната улога на парламентот. (10:10 - 12:00) Скопје - Собранието ќе ја продолжи 62. седница. (12:00) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/ 10:00) Кочани - Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми ќе направат увид во работите на делницата Крупиште - Кочани од новиот експресен пат Штип - Кочани. (на 14-ти км од клучката Три Чешми кон Кочани кај мостот на Злетовска река/11:00)
Скопје - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе одржи редовен неделен брифинг за последните актуелности од надворешната политика. (МНР/ 9:30, пристигнување на медиумите најдоцна до 9:20, брифингот ќе биде отворен за камери)
Скопје - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик ќе го посети тријазичното основно училиште „Јашар Беј Шкупи“, општина Чаир. (09:45) 
Скопје - Манифестација на Институтот за македонски јазик по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. (Амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“/ 11:00) Струмица - Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија ќе ја посети Струмица по повод првиот роденден на Куќата на Европа, и ќе се сретне со градоначалниците на општините од Југоисточниот регион. (пред Куќата на Европа Струмица/ 12:15) Скопје - Прес-конференција на Стопанска комора на Северна Македонија на тема „Советот за напредни технологии при Стопанската комора најавува реализација на бесплатни вебинари за дигитализација на компаниите“. (преку ЗУМ платформата https://us02web.zoom.us/j/81474289503?pwd=ZWNFaS9IU3I0V3o3OHg3RVVJdmVMUT09 / 11:00) Крива Паланка - Отворање на осмата сензорна соба на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. (ООУ „Илинден“/ 11:00) Скопје - Прес-конференција на ракометниот клуб Врдар пред мечот од групната фаза на ЕХФ Лига на шампионите. (сала за прес-конференции во СЦ „Јане Сандански“/11:00)   __________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан