• петок, 28 јуни 2024
МИА Најави МКД
9 март 2021  Скопје - Собранието на Р Северна Македонија ќе ги одржи 26, 20, 25, 29 и 34 седница. (Голема Сала/11:00/11:15/11:30/11:45/12:00) Скопје - Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ќе одржи две седници 16 и 15. (Сала „Борис Трајковски“/11:00/11:30) Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 6/11:00) Скопје - Седница на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (Сала 6/13:00) Скопје - Пратеничката Маја Морачанин ќе оствари средба со Жан-Мари Камбасерес, претседател на Секцијата за европски и меѓународни прашања при Економско-социјалниот совет и за животна средина на Франција и Адриан Лабон, дипломатски советник на Советот. (Собрание на РСМ,струшка сала/11:00) Скопје - Министерката за образование и наука Мила Царовска ќе учествува на консултативна средба со претставници од компаниите, локалната самоуправа и средните стручни училишта. (Општина Илинден, Дом на културата, изјави за медиуми/10:00) Скопје - Министерството за правда организира онлајн Јавна - расправа по Предлог - законот за парнична постапка. (https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_1ykqMTVJT6yNIcRrfSRFUw/13:00) Скопје - Генералниот секретар на ЦКРСМ Саит Саити и секретарот на ЦКГС Сузана Т.Пауновска ќе го отворат Центарот за прва помош во новите и адаптирани простории. (ул.11 Октомври бр.40/10:30) Скопје - Прес-конференција на пратеникот на Левица, Борислав Крмов. (Собраниска прес сала/11:30) Скопје - Националниот Блок „Не отворам врата“ во Собранието на РС Македонија ќе поднесе Иницијатива за прекин на пописот после заклучокот на Комисијата за заразни болести дека се исполнети условите за воведување на полициски час. (Изјава за медиумите во 13:00 часот пред службениот влез на Собранието) Скопје - Катица Ќулавкова и Митко Гогов учесници на Шкотскиот меѓународен поетски фестивал Станца 2021.

_______________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан