• петок, 05 јули 2024
МИА Најави МКД
3 март 2021  Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе продолжи со работа на 34-та седница. (Голема сала/12:00) Скопје – Средба на претседателот на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Романија, Панчо Минов со Адела Моника Аксинте, амбасадорка на Романија. (Струшка сала/14:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (сала „Борис Трајковски“/10:00) Скопје - Потпишување на меморандуми за соработка помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и неколку домашни универзитети. (МЗШВ, Голема сала/11:00) Скопје – Свечено отворање на подновената Спомен-соба на Крсте Мисирков. (Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“/11:00) Кавадарци - Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски на лозовите насади на винаријата Македонски Параџик ќе додели договори за „Млад земјоделец“ за набавка на опрема за мали семејни винарии. (во близина на воденицата во месноста Моклиште/11:30) Скопје - Презентација на документот за јавни политики „Како до ефикасна и ефективна еколошка правда?“. (на платформата ZOOM /12:00) Скопје - Виртуелна конференција „Зелената агенда за Западен Балкан како поттик за заштита на водите во Северна Македонија”. (на платформата ZOOM / 10:30)
_______________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан