• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД
    30 мај 2022 Скопје - Претседателот Стево Пендаровски ќе ги додели одликувањата Орден за заслуги за Република Северна Македонија и Повелба на Република Северна Македонија (Кабинетот на претседателот/14:30)  Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 54, 64, 69, 39, 71 седница. (Сала „Македонија“ /12:00) Скопје - Собранието на Република Северна Македонија организира Јавна расправа на Клубот на Пратенички на тема „Кон промени на законската регулатива за поголема поддршка на пациенти кои се соочуваат со неплодност“ (Сала „Борис Трајковски“/10:45) Скопје - Седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите (Сала „Борис Трајковски“/10:00) Скопје - Седница на Комисијата за труд и социјална политика (Сала 4/13:00) Скопје - Претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска ќе одржи работен состанок со претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Димитар Ковачевски.(Уставен суд/11:45; Прес-конференција/13:00)  Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски ќе го отвори Скопскиот економски и финансиски форум (СЕФФ), организиран од Министерството за финансии. Воведно излагање ќе има и министерот за финансии Фатмир Бесими, како и Пол Кругман, нобеловец, професор и истакнат американски економист.  (х. Александар Палас/10:00 / Изјави за медиумите на Форумот не се предвидени. Обраќањето на премиерот Ковачевски може да се проследи на: https://youtu.be/u7h2cHTTBgE) Токио - Министерот за надворешни работи Бујар Османи во посета на Јапонија. Гостивар - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе го посети основното училиште „Гоце Делчев“ (9:30) Гостивар - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе го посети средното медицинско училиште како дел од кампањата „Учи паметно, работи стручно“ (изјава за медиуми/10:00) Тетово - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе ги посети средните училишта „Моша Пијаде“ и „Ѓоце Стојчески“, како дел од кампањата „Учи паметно, работи стручно“ (изјава за медиуми во дворот на училиштето „Ѓоце Стојчески“/12:00) Прилеп - Заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу ќе ги посети средните стручни училишта „Ѓорче Петров“, „Орде Чопела“ и „Ристе Ристевски - Ричко“ како дел од кампањата „Учи паметно, работи стручно“ (изјава за медиуми во дворот на СОУ „Ѓорче Петров“/10:00) Битола - Заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу ќе ги посети средните стручни училишта „Кузман Шапкарев“, Ѓорѓи Наумов“, „Јован Калаузи“ и „Таки Даскало“ во Битола, како дел од кампањата „Учи паметно, работи стручно“. Скопје - Отворање на Канцеларија на Европската инвестициска банка во Република Северна Македонија (х. Александар Палас, ресторан À la carte/17:00) Скопје - Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Амбасадата на Романија во Република Северна Македонија организира „Македонско-романски бизнис форум и билатерални средби“(просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, кат 5, сала 4/11:00) Скопје - Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ќе присуствува на почнување градежни активности по повод проектот “Мапирање на рекреативна велосипедска и пешачка патека со поставување на вертикална сигнализација (локалитет „Крст“ во село Кучково/10:00) Скопје - Црвениот крст на Република Северна Македонија ќе одржи прес-конференција во врска со испраќање на хуманитарна помош за настраданото население во Украина (Центар за логистика на Црвен крст/10:30) Скопје -  Марш по повод 30 мај - Светски ден на лицата со мултипла склероза (пред Порта Македонија/11:00) Скопје - Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза ќе го одбележи Светскиот ден на мултипла склероза (х. Панорамика/11:30) Скопје - Мрежата за родово одговорно буџетирање организира мирен собир по повод Меѓународниот ден на менструалната хигиена (пред зграда на Министерство за финансии/13:00) Скопје - Презентација на трошковната анализа на производите за управување со менструалното здравје и барање за намалување на ДДВ во организација на Новинари за човекови права (Јавна соба/11:00) Скопје - Прес-конференција по повод 21. издание на OFFest 2022 (Филхармонија кафе-бар/13:30) Скопје - Филмска проекција на „Евгенија Гранде“ (Кинотека на Северна Македонија/20:00)

    __________________________________________________________________________________  

    ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***        

    Остани поврзан