Скопје, 31 мај 2021
Криволак - Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен Командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, заменик на командантот на ВС на САД за Европа и Африка, бригаден генерал Џед Шаертл и директорот на вежбата, полковник Блаже Николовски ќе имаат обраќања на Денот за високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“. ( армиски полигон „Криволак“/12.00)
Скопје - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе има работна средба со министерката за одбрана на Црна Гора, Оливера Ињац. (во Министерство за одбрана/09:00, изјави за медиумите во 9:40, пристигнување на медиумските екипи на влезот на МО најдоцна до 08:40)
Скопје - Стопанската комора на Северна Македонија ќе одржи онлајн прес-конференција на тема „Брза преквалификација за обезбедување кадар во угостителскиот сектор во Пост Ковид периодот” на која ќе присуствува и Ана Таневска Ѓорѓиевска, претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Комората.(https://mchamber.webex.com/webappng/sites/mchamber/meeting/download/cb41a4bd0ebb4296a5cf0d5d6bcff667?siteurl=mchamber&MTID=me5f8807484c3badb971553ed048f2fc3 / 11:00)
Скопје - Советот за етика во медиумите (СЕММ), во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организира онлајн дебата на тема „Медиумска саморегулација – што донесе пандемијата?“ . (https://zoom.us/j/97489384088?pwd=RGp6WjJhdEhvZW9md3kzKytoYmQzUT09 / 11:00)
Скопје - Операта „АИДА“ од Џузепе Верди, на отворено под ѕвездите во изведба на солисти, хорот и оркестарот на Националната опера и балет. (На платото пред Националната опера и балет, на плоштадот „Мајка Тереза“/20:30)
__________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини