• сабота, 14 февруари 2026

МЗШВ: Исплатени се речиси половина милијарда денари кон 12.458 лозари

МЗШВ: Исплатени се речиси половина милијарда денари кон 12.458 лозари

Скопје, 13 февруари 2026 (МИА) - Во пресрет на празникот Св. Трифун, заштитникот на лозарите, реализирани се средства во износ од 481.127.667 денари кон 12.458 корисници, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Средствата се исплатени по Мерката 1.8 - Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување постојни лозови насади.

- Се потврдуваат посветеноста и приоритетите на институциите во развојот на оваа земјоделска гранка. Продолжуваме со реализација на мерки и политики насочени кон одржливост и унапредување на земјоделското производство - се вели во соопштението. лв/паг/

фото: МИА архива 

Остани поврзан