• вторник, 13 јануари 2026

МЗШВ: Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

МЗШВ: Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Скопје, 26 декември 2025 (МИА) - Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Исплатата, како што велат, се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година.

-Со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта. Нашата цел останува зајакнување на домашното производство и поддршка на земјоделците, потенцираат од МЗШВ.вј/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан