• понеделник, 06 април 2026

МЗШВ: Вчерашната трибина во Битола во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, помина во конструктивна атмосфера

МЗШВ: Вчерашната трибина во Битола во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, помина во конструктивна атмосфера

5 април 2026

Вчерашната трибина која што се одржа во општина Битола, во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, помина во конструктивна атмосфера, се наведува во реакцијата од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, што МИА ја пренесува интегрално.

Земјоделците на трибината поставија низа прашања, на истите беше одговорено, што и ja претставува суштината на оваа кампања.

Целта на трибината е директен дијалог и слушање на реалните потреби на македонските земјоделци.

Воедно, сакаме да истакнеме дека однесувањето на одредени поединци и однапред смисленото сценарио говори исклучиво за нив самите.

Апелираме информациите да се пренесуваат објективно, без генерализација која не ја отсликува реалната слика од вчерашната трибина.

Фото: Фејсбук на министерот Цветан Трипуновски

Остани поврзан