• сабота, 27 јули 2024

МЗТ Скопје рано ги заврши настапите во АБА 2 лигата

МЗТ Скопје рано ги заврши настапите во АБА 2 лигата
Подгорица, 22 април 2021 (МИА) – Тимот на МЗТ Скопје Аеродром попладнево забележа победа над Младост Земун со 92:86, но разликата од шест поени не беше доволна да се анулира негативата од 20 поени од првиот дуел (75:95) одигран пред два дена. Така, македонскиот претставник кој имаше амбиции да го освои првото место и да се врати во АБА 1 лигата, испадна уште во четврфиналната фаза. Хасани Гравет и Иван Карачиќ со по 21 поен беа најефикасни во победничкиот состав. Во полуфиналето, Младост Земун ќе игра со поуспешниот од пресметката Студентски центар – Слобода Ужице (96:92 прв натпревар). зс/

Остани поврзан