• среда, 08 мај 2024

МЗТ Скопје го запиша шестиот триумф сезонава во АБА2 лигата

МЗТ Скопје го запиша шестиот триумф сезонава во АБА2 лигата

Скопје, 2 февруари 2024 (МИА) - Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до шестиот триумф сезонава во АБА2 лигата, откако вечерва го совладаа тимот на Шибенка (93-77) во последниот меч на турнирот во Нови Сад, а втор за тимот од Аеродром на турнирот во Нови Сад.

Неизвесноста во натпреварот траеше само во првите неколку минути, кога противникот поведе со 9-4 по што скопскиот тим врати со десет поени во низа, го презеде водството кое не го испуштив до самиот крај. До крајот само ја зголемуваа позитивата до највисоки плус 24 (79-55) пред крајот на третиот период, по што рутински го привршија дуелот со хрватскиот претставник.

Харис Делалиќ беше најпрецизен за „штрковите“ со 16 поени, пет скока и четири асистенции, а веднаш зад него беа Марко Баковиќ со 15 поени и седум скока и Ејасу Ворку со 15 поени и шест асистенции. 

МЗТ е петтопласиран со скор 6-3 во пресрет на последниот меч на турнирот во Нови Сад, кој ќе го одигра во недела против домашната Војводина (18 часот). дс/вј/

Фото: МЗТ Скопје

Остани поврзан