• недела, 07 јули 2024

МЗТ Скопје Аеродром против Еуро Никел во финалето на кошаркарскиот плејоф

МЗТ Скопје Аеродром против Еуро Никел во финалето на кошаркарскиот плејоф
Скопје, 28 мај 2021 (МИА) – Актуелниот македонски кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва на домашен терен триумфираше во вториот натпревар од полуфиналната серија до две победи против Пелистер со 89:78 и избори пласман во големото финале за одбрана на трофејот. Феми Олуџоби со 20 поени беше најефикасен во редовите на МЗТ Скопје, потпомогнат од репрезентативниот тандем Дамјан Стојановски (13 поени) и Бојан Крстевски, кој мечот го заврши со десет поени и исто толку асистенции. Претходно денеска, пласман во финалниот плејоф обезбеди и екипата на Еуро Никел со вториот триумф над Работнички од 88:87 по продолжение. Кавадаречкиот прволигаш ќе се бори за кошаркарскиот трофеј за прв пат по пауза од девет години. Финалната серија се игра до три победи, а започнува в среда. ег/рп/

Остани поврзан