• вторник, 24 декември 2024

МЗТ Скопје Аеродром потпиша нов спонзорски договор со „УНИ Банка“

МЗТ Скопје Аеродром потпиша нов спонзорски договор со „УНИ Банка“
Скопје, 15 октомври 2021 (МИА) – Реномираната македонска финансиска институција „УНИ Банка“ и во следната, петта сезона по ред, ќе биде меѓу главните спонзори на МЗТ Скопје Аеродром, соопшти попладнево актуелниот кошаркарски првак. - Дури и во овие кризни времиња, поради глобалната пандемија со коронавирусот, „УНИ Банка“ насочи солиден дел од својот капацитет за помош на нашиот клуб, со цел достојно да ја претставиме Македонија на регионална сцена. Тимот што победува не се менува, со оглед што нашиот тим со помош на големиот пријател ја освои двојната круна минатата сезона, нешто што се надеваме дека ќе го сториме и во претстојната, по што потоа заеднички ќе го прославиме големиот успех, се наведува во клупското соопштение. ОД МЗТ Скопје изразија надеж дека успешната соработка со „УНИ Банка“ ќе биде и мотив повеќе за останатите општествено-одговорни компании да му помогнат на клубот од Аеродром да ја продолжи доминацијата на домашен план и со успех да ја презентира македонската кошарка во регионални и европски рамки. ег/цр

Остани поврзан