• недела, 22 декември 2024

МЗТ Скопје Аеродром поведе против Пелистер во финалната серија за шампионската титула

МЗТ Скопје Аеродром поведе против Пелистер во финалната серија за шампионската титула

Скопје, 28 мај 2023 (МИА) – Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром поведоа во финалето од плејофот за шампионската титула во македонската Суперлига, откако вечерва во воведниот натпревар го совладаа Пелистер на домашен терен со 84-64 (41-29).

Актуелниот шампион стекна резултатска предност во втората четвртина која со серија од 13-0 ја реши во своја корист со 23-11 и без поголеми проблеми во второто полувреме го приведе натпреварот до самиот крај.

Најефикасен во редовите на победничкиот тим беше Американецот Абдул – Малик Абу со 20 поени.

Финалната серија се игра до три победи, а вториот натпревар, исто така, ќе се игра во салата „Јане Сандански“, на 31 мај од 19 часот.

Серијата потоа се сели во Битола, а МЗТ Скопје би бил домаќин на евентуалната мајсторка.

Тимот од Аеродром ќе се обиде да ја освои јубилејната десетта шампионска титула, додека со евентуален триумф Пелистер прв пат во клупската историја ќе слави шампионска титула. ег/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан