• недела, 07 јули 2024

МЗТ изненадувачки поразени од Динамик во АБА-2 лигата

МЗТ изненадувачки поразени од Динамик во АБА-2 лигата
Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) - МЗТ Скопје вечерва го доживеа својот четврти пораз по ред во АБА-2 лига. Тимот од Аеродром изненадувачки загуби од српски Динамик со 82-84 (38-44) во последниот меч од 20. коло од регионалната лига. МЗТ во поголемиот дел од мечот бркаше негатива, која во второто полувреме беше и двоцифрена за гостинскио тим, но во финишот успеа да намали на два поени негатива, па дури и да има шут за победа. Сепак Хиндс промаши тежок шут за тројка, по кој „металците“ запишаа втор пораз на домашен терен и вкупно осми во АБА-2 лигата. Олуџоби со 24 поени беше најдобар за домашниот тим, додека кај гостинот Пашалиќ реализираше 21 поен. Во наредното коло во регионалното натпреварување, скопскиот тим ќе гостува кај Нови Пазар.

Тагови

Остани поврзан