• сабота, 23 ноември 2024

МЖСПП: Обезбедени финансии за реконструкција на филтер станицата во Берово

МЖСПП: Обезбедени финансии за реконструкција на филтер станицата во Берово
Скопје, 13 септември 2022 (МИА) - На денешната седницата на Владата на предлог на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, усвоена e информацијата за повеќегодишната јавна набавка за финансирање на активностите за реконструкција на филтер станица за вода за пиење во Берово, Општина Берово. Како што соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање, филтер станицата за производство на вода за пиење во Берово е изградена во 1984 година, но техничката опрема е застарена и и е неопходна реконструкција. Проект, се посочува, е во согласност со Стратешкиот план на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2020-2022 година, во кој како приоритетни цели се поставени развивање на модерна и современа инсфрастурктура - канализациони системи за квалитетно собирање и одведување на отпадни води, изградба на системи за прочистување и третман на отпадните води како и приклучување на сите корисници на комунална инфраструктура – водовод и канализација. Проектот ќе се реализира во текот на три години - 2022, 2023 и 2024 година, за што МЖСПП од Буџетот ќе обезбеди финансиски средства за реализација на зафатот. вг/ац/

Остани поврзан