• среда, 06 ноември 2024

Меџити: Со навремена превенција и контрола спречивме непосакуван раст на заразени со ККХТ

Меџити: Со навремена превенција и контрола спречивме непосакуван раст на заразени со ККХТ

Скопје, 15 август 2023 (МИА) - Брзата реакција на здравствените власти спречија експоненцијален раст на заразени со конго-кримска хеморагична треска (ККХТ), рече денеска министерот за здравство Фатмир Меџити на состанокот со членовите на Комисијата за заразни болести.

Состанокот, како што соопшти Министерството за здравство, го иницираше Меџити, а се анализираше актуелната состојба со ККХТ во државата.

Според министерот, здравствениот систем навреме и соодветно одговорил по детектирањето на првите случаи на ККХТ.

-Министерството за здравство и сите здравствени иституции навремено и професионално одговорија и со набавка на соодветна терапија, која и покрај реткоста, за 24 часа стигна во нашата земја, рече Меџити. 

Тој посочи дека останува во редовна комуникација и консултација со Комисијата за заразни болести, ИЈЗ, Инфективната клиника и доколку е потребно ќе бидат предложени соодветни мерки за подигнување на степенот на превенција на уште повисоко ниво.

Министерот Меџити на состанокот упати благодарност до сите здравствени работници кои го даваат максимумот да одговорат на потребите на пациентите. мч/дма/

 

Фото: Министерство за здравство

Остани поврзан