• петок, 22 ноември 2024

Меџити за средбата со Курти: АА никогаш не ги криела своите средби, единствена цел на партијата и на Таравари е европска Македонија

Меџити за средбата со Курти: АА никогаш не ги криела своите средби, единствена цел на партијата и на Таравари е европска Македонија

Скопје, 31 јануари 2024 (МИА) - Алијанса за Албанците никогаш не ги криела средбите со други политички субјекти, а единствена цел на партијата и на нејзиниот лидер Арбен Таравари е европска Македонија, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашната посета на Таравари на Приштина и неговата средба со косовскиот премиер Албин Курти.

Лидерите на опозицискиот албански блок - Европскиот сојуз за промени, Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши, како и  и претседателот на АА Таравари синоќа во Приштина имале средба со косовскиот премиер Курти.

Liderët e Lidhjes Evropiane për Ndryshim (LEN), Izet Mexhiti., Bilal Kasami dhe Afrim Gashi dhe kryetari i Aleancës për Shqiptarët, Arben Taravari, sonte në Prishtinë kanë realizuar takim me

- Партијата никогаш не ги крила своите средби. Значи и кога се среќава со Али Ахмети, со лидерот на ДУИ и со опозицијата, со сите. Тие се јавни, нема што да криеме. Единствената цел на Алијанса и на претседателот Таравари е европска Македонија, подвлече Меџити, одговарајќи на прашањето на прес-конфренцијата на денешниот настан на Клиниката за урологија.

Тој рече дека е во секојдневна комуникација со Таравари, но дека себе си не претпочита да се нарекува политичар, туку лекар.

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбер Таравари вечерва за ТВ 24 Вести изјави дека заедно со Алтернатива идниот понеделник ќе одржат протестен марш со пораката „Доста е“, со цел

-Претпочитам да се нарекувам политичар, но, сум дел од владиниот кабинет. Јас сум лекар, таков ќе останам. За три недели, директор на „Бардовци“, кадар на Алијанса, го сменив по три месеци, директорот во Тетово..., значи со мене како министер, секој кој нема да работи, нема да има иднина. Тоа ќе биде така додека јас сум министер. Кога нема да бидам, ќе бидам невролог, лекар. За здравството сум тука да го вложам целиот мој труд, изјави Меџити. 

Меџити меѓу другото порача и дека политиката треба да ги тргне своите раце од здравството, но и од образованието.

-Крајно време е политиката да ги тргне своите раце од здравство, но и од образование. Јас како министер за здравство тоа нема да го дозволам, изјави Меџити.

Лидерот на Беса, Касами вчера на неговит Фејсбук профил објави дека средбата со Курти минала во пријателско опкружување, како и дека било разговарано на повеќе теми меѓу кои и унапредување на положбата на Албанците во Северна Македонија. 

-Во многу пријателско опкружување, разговаравме за политичките случувања во нашите земји, за соработката што ќе придонесе за унапредување на положбата на Албанците во Северна Македонија, економскиот развој на двете земји и факторизацијата на Албанците во регионот. Сите заедно ни претстои голема работа и обврски, објави Касами за средбата.  на неговиот Фејсбук профил.

Претседателот на Движењето Беса Биљал Касами на денешната прес-конференција истакна дека по се што се случило по локалните избори, неопходни се предвремени парламентрани избори што побрзо.

Беше објавена и фотографија од средбата на која се наоѓаат лидерите на ЕСП и Таравари со Курти, а присутен е и претседателот на косовскиот Парламент Глаук Коњувца.

-Доаѓа. Доаѓа. Големата промена доаѓа, пишува на објавената фотографија.

Беса денеска преку соопштение ја дообјасни вчерашната средба, која ја означи како братска. -Вчера тројцата лидери на Европскиот сојуз за промени, Африм Гаши, Биљал Касами, Изет Меџити, советникот на косовскиот премиер за Северна Македонија, Беким Ќоку, како и претседателот на АА, Арбен Таравари, имаа братска средба со премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Собранието Глаук Коњуфца, се наведува во денешното соопштение на Беса и се додава дека по завршувањето на средбата во Приштина, на јавноста и официјално и било соопштено од кабинетот на Курти за пријателскиот разговор за политичките случувања во нивните земји, за новите можности за соработка во насока на унапредување на позицијата на Албанците во земјава и за европската перспективата на државите.

Сите присутни лидери ја посочиле и идејата за претседател Албанец, фигура која треба да биде личност со интелектуален кредибилитет и која, како што се вели во соопштението, ќе го обедини албанскиот фактор во земјава и достоинствено ќе ги претставува сите граѓани на нашата земја.

Беса најавува дека состаноците од овој тип ќе продолжеле и во иднина, имајќи предвид, како што додава дека се многу плодни и за двете земји.

Лидерот на ДУИ Ахмети, пак во интервју за косовската телевизија „РТК“, коментирајќи ја средбата на Курти со лидерите на опозициските албански партии рече дека косовскиот премиер треба отворено да каже дали неговата партија Самоопределување ќе учествува на изборите во Македонија, но смета дека на Албанците во земјава не им требаат многу партии.

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети во интервју за косовската телевизија „РТК“ ја коментира средбата на косовскиот премиер Албин Курти со лидерите на опозициските а

- Нема ништо лошо во запознавањето, но она што го кажа Меџити не се совпаѓа со изјавата на Курти што ја даде во Скопје, во која рече дека Движењето Самоопределување не учествува на овие избори. Ако има стратегија да се камуфлираат работите, не е добро, да ги кажеме работите отворено и ништо не не спречува, рече Ахмети.

Прашан дали вклучувањето на Самоопределување на изборите во Северна Македонија ќе влијае на изборните резултати, Ахмети смета дека ќе нема влијание бидејќи, како што вели, „албанскиот електорат е доста дефиниран во Македонија“.

Лидерот на ДУИ тврди дека не е во непријателство со ниту една политичка партија ниту во Косово, ниту во Албанија, ниту во Македонија, но смета оти на Албанците во Северна Македонија не им требаат многу партии. ац/нд/

Фото: МИА/МИА архива

Остани поврзан