• сабота, 23 ноември 2024

Меџити: Крајно време е Обвинителството да излезе со име и презиме за случајот со Клиниката за онкологија

Меџити: Крајно време е Обвинителството да излезе со име и презиме за случајот со Клиниката за онкологија

Скопје, 10 ноември 2023 (МИА) – Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска истакна дека е крајно време Обвинителството да излезе со име и презиме за случајот Онкологија.

-Повикувам уште еднаш, апелирам за случајот со Клиниката за онкологија, крајно време е Обвинителството да излезе со точно име и презиме зошто овој костум, оваа кравата ме гушат. Да ви кажам дека ми прилега белиот мантил и од првиот ден ви кажав дека не претпочитам да бидам политичар од некоја партија, туку ќе бидам лекар и тоа и ќе останам и заедно со моите колеги и заедно со вас ќе ги подобриме работите, порача Меџити.

Министерот Меџити на денешната промоција на нова медицинска опрема и реновирани специјалистичко-консултативни амбуланти на Клиниката за неврологија оцени дека во здравството треба секој ден да гасат новонастанати жаришта и дека веќе почнале работите да се средуваат и напредуваат.

Меџити помеѓу другото најави и набавка на нова магнетна резонанца на Клиниката за неврологија и целосно реновирање на ургентниот интернистички центар со тријажа.

-Ќе почне да се реновира во целост ургентниот интернистички центар со тријажа и веќе нема пациентите да талкаат по ходници, јас и мојте колеги невролози знаеме точно дека пациентите талкаат од една до друга клиника, сега ќе доаѓаат на едно место и таму ќе се третираат. Друго што можам да најавам денеска е дека ќе има нова магнетна резонанца посебно за клиниката за неврологија и за брзо ќе го распишеме тендерот. Воедно клиниката за кожни болести ќе премине во клиниката за неврофизиологија, таа ќе биде во целост адаптирана и реновирана за услови за клиниката за кожно, а клиниката на неврофизиологија ќе дојде на местото на клиниката на кожно и така постепено сите тие ќе бидат реновирани, но верувајте целиот тим работиме заедно за овие работи еднаш засекогаш да се решат, изјави Меџити.

Во однос на набавката на нова магнетна резонанца информира дека во моемнтот се прават подготовките и дека во скоро време ќе биде објавен тендер.

-Тоа е процес кој бара посветеност, бидејќи за да ја набавите таа апаратура потребни се и услови. Знаете каков е примерот со штипската болница, некој во минатото си донел апаратура, а нема услови и нема основа за тоа да се стави, посочи Меџити. свс/бг/

Фото: МИА

Остани поврзан