• петок, 05 декември 2025

Меџити: Во Дуќанџик инвестиција од 2 милиони евра за модерна инфраструктура и достоинствени услови за жителите

Меџити: Во Дуќанџик инвестиција од 2 милиони евра за модерна инфраструктура и достоинствени услови за жителите

13 октомври 2025 

Кандидатот на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, г. Изет Меџити, при инспекцијата на градежните работи во населбата Дуќанџик, информираше за најголемата инвестиција што оваа населба некогаш ја видела, нагласувајќи дека нејзината трансформација ќе биде пример за одржлив урбан развој, се вели во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го објавува интегрално.

„Тука сме на инспекција на работите во населбата Дуќанџик, населба со околу 2 илјади жители, каде што започна целосна реконструкција на подземната инфраструктура, нов водовод, нова канализација, нова атмосферска мрежа која се поставува за првпат, како и целосно асфалтирање на сите улици и улички во рамки на населбата. Проектот е во вредност од 2 милиони евра, обезбедени од Министерството за животна средина, со кое управувам јас,“ изјави Меџити.

Меџити додаде дека развојот на населбата е проследен и со други значајни инвестиции за јавниот живот и локалните бизниси.

„Тука во близина е и паркингот кај Конзерваторскиот центар, каде што подземниот паркинг веќе е отворен и има 70 нови паркинг места, во служба на бизнисите и на Чаршијата. Дуќанџик доживува преродба, развој каков што досега никогаш не сме виделе,“ нагласи Меџити.

Понатаму, Меџити најави дека инвестициите ќе го опфатат и образованието.

„Во близина се наоѓа и основното училиште ‘Јашар Беу’, каде што го исчистивме дворот и многу скоро ќе започнеме со изградба на спортска сала. Со изградбата на оваа сала, ова училиште ќе биде второ во Општина Чаир што ќе функционира во една смена и со целодневна настава,“ изјави Меџити.

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, го заврши инспекцискиот увид со порака дека Чаир влегува во нова фаза на урбан и социјален развој, каде секоја населба ќе има модерна инфраструктура, функционални јавни простори и повисоки стандарди на живот за граѓаните.

Видео изјава на Меџити

https://www.swisstransfer.com/d/a05cb313-dad2-49ee-b061-11db48ee5800

Фото: ВРЕДИ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан